Насловна
Кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода како и многупати досега уште еднаш докажаа дека се најдобри. Во заостанат натпревар од Првата женска кошаркарска лига, група Запад, жолто-сините со резултат 115:31 (37:10, 27:6, 30:7, 21:8) убедливо ја победија екипата на ЖКК „Шкупи“, со што ја забележаа четвртата победа на овогодинешното првенство и го задржаа 100% ефект.
Повеќе: Кошаркарките на „Бадел 1862“ докажаа дека се најдобри
Градежната сезона ја посветивме на изградба на инфраструктурни проекти, на местата каде што сеуште недостасуваше водоводна и канализациска мрежа, асфалтирани улици и детски и спортски игралишта.
Повеќе: Паркот Пушкин .. местото на безброј спомени и среќавања ...
Атмосферската канализација помага за одведување на дождовните води и спречува создавање на поплави. Со овој зафат во урбаната заедница „Цветан Димов“, се поставува атмосферска канализација и тоа на улиците „Вера Јоциќ“, „Тодор Паница“, „Тодора Паница 1“, „Вера Јоциќ 1“, „Вера Јоциќ 2“, „Георги Димитров“, „Новопроектирана 1“, „Михаил и Ефтихиј“, „Новопроектирана 2“, „Георги Димитров 1“, „Дичо Петров“,„ Дичо Петров 1“ и на „Тоне Томшиќ“ се одвиваат градежните работи за поставување на атмосферска канализација со вкупна должина од 2712 метри.
Општина Кисела Вода информира дека утре од 09:30 часот без вода ќе останат корисниците од населбата Усје.
Од ЈП „Водовод и канализација“, соопштија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок Ф 150 мм. на ул. „Борис Трајковски“ бб.
Изминатиот викенд, на заостанат натпревар од четвртото коло од Првата женска кошаркарска лига-запад, екипата на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода оствари уште една убедлива победа. Со резултат 110:40 (35:08, 23:15, 34:04, 18:13), баделки на домашен терен ја победија екипата на ЖКК „Гостивар“ и со предност од шест бодови се зацврстија на првото место на табелата.
Повеќе: Кошаркарките на „Бадел“ се зацврстија на првото место на табелата