Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ja пресече лентата и со тоа ги стави во фукција новото фудбалско и новото детско игралиште во ООУ “Круме Кепески”. Фудбалскиот терен, со своите 500м2 со квалитетна вештачка трева, ќе служи како место за развивање на спортските таленти кај младите фудбалери.
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата и седматта пленарна седница 28.09.2023 година (четврток) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесет и седматта пленарна седница
И оваа учебна година, Општина Кисела Вода нуди системско решение за справување со булингот. Тргнувајќи од таму дека насилството во основните училишта е сè поприсутно, повторно во функција е телефонскиот број 078/358 – 639, каде жртвите на меѓуврсничко насилство може бесплатно да добијат поддршка од тим од психолози од невладиниот сектор, кои потоа, во координација со општинските служби ќе делуваат директно во училиштето за спречување на насилната појава.
Повеќе: Кисела Вода: И оваа година булингот во училиштата може да се пријави телефонски
Настан со еколошки потпис вчера се одвиваше во паркот Шопен во Кисела Вода во рамки на Европската недела на мобилност. Со поддршка од Општина Кисела Вода, а во организација на здружението на граѓани ,,Eco Logik" заедно со Europe house се одржа работилница “Вело родео”, која на креативен и полезен начин ја пренесе годинешната порака на манифестацијата “Движи се рационално, штеди енергија”.
Повеќе: “Вело родео” во Кисела Вода во рамки на Европската недела на мобилност
Потстаница комплетно го менува својот лик, станувајќи вистинска урбана населба-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски при денешниот увид во ова досега заборавено место во Драчево, каде што со години никој не интервенирал за да обезбеди подобри услови за живеење.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Комплетно го менуваме ликот на Потстаница, креирајќи вистинска урбана населба!