Надлежности

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

     - Ја претставува и застапува Општината;
     - Ја контролира  законитоста на прописите на Советот;
     - Ги објавува прописите на Советот во службеното гласило на Општината; 
     - Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
     - Го обезбедува извршувањето на работите кои што со Закон и се делегирани на Општината;
     - Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот;
     - Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на Буџетот на Општината;
     - Го извршува Буџетот на Општината;
     - Избира директори на јавните служби кои ги основала Општината, врз основа на јавен конкурс;
     - Донесува решенија  за  утврдување  на  данокот  на  имот  за  имот  кој  се  наоѓа  на  територијата на  општината;
     - Води  евиденција  за  угостителските  објекти  и  за  работното  време  на  угостителските  објекти  кои  работат  на  територијата  на  општината;
     - Склучува  договори  за  закуп  на  објекти  или  делови  на  објекти  на  јавни  установи  со  и  без  опрема за потребите на општината;
     - Должен  е  веднаш  да  го  извести  министерството  надлежно  за  вршење на  работите  од  областа  на  локалната  самоуправа  за настанување  на  еден  од  условите  за предвремено распуштање  на  советот;
     - При  предвремено  распуштање  на  советот  до  избор  на  нов  совет,  ги  извршува работите  од  надлежност  на  советот  со  определени  ограничувања  утврдени  со  закон;
     - Член  е  на  Координативното  тело  на  градоначалниците  на  Град  Скопје  и  на  општините  во  град  Скопје  за  остварување  на  меѓусебна  соработка  и  решавање  на  прашања  од заеднички  интерес;
     - Подготвува  Ребаланс  на  буџетот  во  насока  на  надминување  на  финансиската  нестабилност  на  општината  кој  го  одобрува  Комисијата  формирана  за  надминување  на  финансиската нестабилност  на  општината;
     - Редовно го известува Советот  за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;
     - Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со Закон;
     - Донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
     - Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со Закон;
     - Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината, во согласност со Закон и Статут и
     -  Врши други работи утврдени со Закон и со Статутот.

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре Драчево без вода https://t.co/cuzXRKpEqM
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода вложи преку 2 милиони евра во населбата Пинтија https://t.co/IEZlO7ahAy
O_KiselaVoda Утре ул.„Марко Орешковиќ“ без струја https://t.co/qIAgeS0Ko9