Организациона поставеност на секторите
За извршување на работите од надлежност на органите на општината се организира општинска администрација. Општинската администрација се организира во сектори и одделенија. Општината може да организира општински инспекторат заради вршење на инспекциски надзор над вршење на работите од нејзина надлежност. Организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација ги утврдува Советот врз основа на предлог на Градоначалникот.
Општинската администрација се организира во следните сектори и одделенија:
1.Сектор за поддршка на градоначалникот и советот на Општината
- Одделение за координација на активностите на градоначалникот
- Одделение за поддршка на советот
2. Сектор за управување со човечки ресурси и информатичка технологија
- Одделение за управување со човечки ресурси и обуки
- Одделение за информатичка технологија
3. Сектор за финансиски прашања
- Одделение за буџетска координација и буџетска контрола
- Одделение за сметководство и плаќања
- Одделение за даноци, такси, надоместоци и за други приходи на Општината
4. Сектор за јавни набавки и општи работи
- Одделение за планирање и спроведување на планот за јавни набаки
- Одделение за општи работи
5. Сектор за нормативно правни работи
- Одделение за правни работи
- Одделение за управување со градежно земјиште и јавно наддавање
6. Сектор за урбанизам и просторно планирање
- Одделение за планирање на просторот
- Одделение за изводи и одобренија за градење
-Одделение за регулирање на бесправно изградени објекти
7. Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна срединна
- Одделение за комунални работи, инфраструктура и сообраќај
- Одделение за заштита на животна средина
8. Сектор за инспекциски работи
- Одделение за постапување по инспекциски работи
- Одделение за вршење на контрола на други работи од надлежност на Општината
9. Сектор за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура
- Одделение за образование
- Одделение за предучилишно воспитување
- Одделение за спорт
- Одделение за култура
10. Сектор за локален економски развој
- Одделение за планирање и поддршка на ЛЕР и унапредување на енергетска ефикасност
- Одделение за архивски работи
11. Сектор за месна самоуправа и социјална грижа
- Одделение за месна самоуправа, невладини организации и социјална грижа
- Одделение за урбани заедници
12. Сектор за внатрешна ревизија
- Одделение за усогласеност (регуларност) и системите за внатрешна контрола
- Одделение за вршење на ревизија на успешност и финансиска ревизија