Управување со отпад

И покрај напорите од страна на институциите сеуште гледаме расфрлан отпад, диви депонии и несовесно однесување на граѓаните. Ова дополнително се поткрепува и со официјалните информации од извештаите на ЈП Комунална хигиена каде се забележува и зголемување на количините на отпад и количините на отпад по глава на жител од година во година.

Бидејќи проблемот е комплексен и е резултат на повеќе фактори и тоа: начинот на однесување на граѓаните, комуналните претпријатија, општините, министерството за животна средина, неформалните собирачи на отпад и.т.н со право може да си го поставиме прашањето: Како може да ја подобриме примарната селекција и одлагањето на отпадот од домаќинствата?

Преку дефинирање на специфични предизвици, може да се обезбеди полесно и самостојно да се управува со проблемот преку преземање на соодветни акции од страна на различни засегнати страни.

За да се дојде до вакви решенија мораме да користиме иновативен пристап кој се фокусира на човекот, неговите потреби и проблеми (Human Centered Design или Desing Thinking) .

Првиот дел од синџирот т.е. управувањето со отпадот, односно одлагањето на отпадот од домаќинствата (патот на ѓубрето од дома до контејнерот). Можеме да го поделиме на три специфични елементи и тоа:

  1. Што се случува со отпадот во домот? (Генерирање, селекција и складирање)
  2. Кој е процесот на одлагање на отпадот? (од домот до контејнерот)
  3. Што се случува со отпадот се до моментот на собирање од Комунална Хигиена?

Целта е да се дизајнираат решенија кои: 1) ќе го намалат количеството на отпад кој се фрла во контејнерите преку поинаква организација на процесот и 2) ќе им овозможат на неформалните собирачи на отпад подостојно, олеснето, поздраво и побрзо собирање на отпад.

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Деца од градинките и училиштата од Кисела Вода учествуваа на манифестацијата „Скопје цвета“ https://t.co/N0C9doNTFw
23hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda На државно првенство во одбојка ООУ „Партенија Зографски“ освои 3 место https://t.co/fWAhJuO63W
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и спортски манифестации https://t.co/gwSgAJ6q1q