Општината самостојно, во рамките на Законот и овој Статут ги уредува и врши работите од јавен интерес, од локално значење, утврдени со Законот за локална самоуправа или друг Закон, како и работите кои не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.
Општината е надлежна за вршење на следните работи:
1. Планирање и уредување на просторот
- покренување иницијативи за донесување, измена и дополнување на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје;
- давање мислења по нацртите на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје;
- донесување детални урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места во општината и урбанистички планови вон населено место;
- спроведување урбанистички планови и проекти и издавање документација за изградба на објекти од локално значење (услови за градба, урбанистичка согласност, одобренија за градење);
- издавање на одобренија за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема, и
- уредување на градежно земјиште во делот на опремување на граденото земјиште со објекти и инсталации од секундарната инфраструктура.
2. Заштита на животната средина и природата
- покренување иницијативи и преземање на мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштитата од бучава и нејонизирачко зрачење;
3. Локален економски развој
- планирање на локалниот економски развој на општината;
- утврдување развојни и структурни приоритети на општината, и
- поддршка на развој на малите и средните претпријатија и претприемништвото во општината;
4. Комунални дејности
- изградба, одржување, реконструкција и заштита на сервисни и станбени улици и други инфраструктурни објекти;
- одржување на јавната чистота на сервисните и станбените улици;
- организирање, изнесување и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад;
- изградба и одржување на јавно осветлување на станбени и сервисни улици на подрачјето на општината;
- одржување на гробовите и гробиштата и давање погребални услуги на општинските гробишта утврдени со урбанистички план;
- изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за општината утврдени со урбанистички план;
- одржување и користење на зеленилото на сервисните и станбените улици;
- отстранување на нерегистрираните моторни и други возила од јавните површини;
- одржување и користење на јавните пазари;
- дезинфекција и дератизација и
- изградба и одржување на јвни санитарни јазли.
5. Култура
- институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење на општината;
- негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности;
- организирање културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво и
- одбележување на настани и личности од значење за општината.
6. Образование
- основање, финансирање и учество во управувањето со основните училишта на нејзиното подрачје, во согласност со закон;
- именување директори на основните училишта во согласност со закон, и
- превоз и исхрана на учениците во училиштата од нејзината надлежност, во согласност со закон.
7. Социјална и детска заштита
- сопственост, управување, основање, финасирање и одржувањена јавните установи за деца - детски градинки, во согласност со закон и
- преземање мерки од областа на социјалната заштита во согласност со закон.
8. Здравствена заштита
- преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
- здравствено воспитување;
- унапредување на здравјето;
- превентивни активности;
- здравствен надзор над животната средина и над заразните болест и
- помош на пациенти со специјални потреби.
9. Заштита и спасување
- заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања и елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
10. Надзор
- надзор над вршењето на работите од надлежност на општината.
Плановите и проектите од ставот 1 точка 1 алинеја 3 на овој член општината ги донесува по претходно добиено позитивно мислење од градот Скопје и согласност од органот на државната управа надлежен за работите на уредување на просторот.
Работите од ставот 1 точка 1 алинеја 5 на овој член се вршат во согласност со утврдени стандарди, а по претходно добиена согласност од градот Скопје.
Работите од ставот 1 точка 4 алинеја 3 на овој член се вршат во согласност со градот Скопје.
Работите од ставот 1 точка 9 на овој член се вршат во соработка со градот Скопје
Сите надлежности На Општина Кисела Вода се регулирани со Статут на Општина Кисела Вода
◊ Статут
◊ Правилници - Образование, предучилишно воспитување, спорт и култура