Оглас за доделување на награда на таленти-спортисти

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици-спортисти  од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода бр. 09– 2588/5 од 28.03.2019 година, и Програма (ЛО) - спорт и рекреација за 2019 година, Општина Кисела Вода  објавува

О Г Л А С

За доделување награди за талентирани ученици- спортисти од општинските основни училишта од

Општина Кисела Вода

1.      Право на учество на огласот имаат сите ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода по услови и критериуми утврдени воПравилникот  за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици- спортисти  од општинските основни училишта од општина Кисела Вода бр. 09– 2588/5 од 28.03.2019 година.

       I.    УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ-СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

1.Кандидатите треба да ги исполнат следните услови и критериуми за да бидат предложени за доделување парична награда.

Се вреднуваат постигнатите резултати на сите кандидати во поединечна и екипна конкуренција, на училишно, клупско и репрезентативно ниво во поединечна и екипна конкуренција во олимписките спортови, согласно класификацијата на Агенцијата за млади и спорт.

Државно првенство во поединечна конкуренција и државно првенство во екипна конкуренција (членови на екипи), организирано од соодветната спортска федерација, која притоа има валидно решение за вршење дејност спорт издадена од Агенцијата за млади и спорт. Се вреднуваат прво, второ и трето место.

 

Меѓународни поединечни и екипни натпревари.

Во оваа категорија се вреднуваат резултатите на кандидатите кои како државни репрезентативци (во индивидуална или екипна конкуренција) имаат освоено едно од првите три места на следните натпреварувања: Светско првенство, Европско првенство, Медитерантско  и Балканско првенство.

Поради, вршење на бодовна евалуација, кандидатите задолжително да достават копии од дипломите и признанијата за освоени места или учество на официјални државни, меѓународни и регионални натпревари, како и дипломите и признанијата за освоено место или учество на пријателски натпревари во сите категории.

2.Се вреднуваат постигнатите резултати на сите кандидати во поединечна и екипна конкуренција, на училишно, клупско и репрезентативно ниво во поединечна и екипна конкуренција во неолимписките спортови, согласно класификацијата на Агенцијата за млади и спорт. Од неолимписките спортови, наградени можат да бидат најмногу до пет кандидати во поединечна/екипна конкуренција, согласно пропишаните критериуми.

 Државно првенство во поединечна конкуренција и државно првенство во екипна конкуренција (членови на екипи), организирано од соодветната спортска федерација, која притоа има валидно решение за вршење дејност спорт издадена од Агенцијата за млади и спорт. Се вреднуваат прво, второ и трето место.

 

-Меѓународни поединечни и екипни натпревари. Во оваа категорија се вреднуваат резултатите на кандидатите кои како државни репрезентативци (во индивидуална или екипна конкуренција) имаат освоено едно од првите три места на следните натпреварувања:

Светско првенство, Европско првенство, Медитеранско првенство и Балканско првенство.

 

Поради, вршење на бодовна евалуација, кандидатите задолжително да достават копии од дипломите и признанијата за освоени места или учество во официјални државни, меѓународни и регионални натпревари, како и дипломите и признанијата за освоено место или учество на пријателски натпревари во сите категории.

 

Се вреднува учеството или остварен резултат на ученици - спортисти со посебни образовни потреби во редовниот систем на натпревари во олимписки и неолимписки спортови.

 

Еден кандидат не може да биде награден повеќекратно, а во предвид ќе се земе највисокиот постигнат резултат. Во случај на кандидати со ист број на бодови, приоритет се дава на кандидатите од повисоката возрасна категорија.

 

Кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

1. Да е редовен ученик во воспитно – образовна установа на територија на општина Кисела Вода верифицирана со акт од Министерството за образование и наука

2. Одлука и мислење од класен раководител

3. Одлука и мислење од ментор (тренер на клубот)

4. Мислење од Наставнички совет

5. Фотокопија од дипломи за освоено место

6. Копија од трансакциска сметка на родител/старател

7. Копија од лична карта на родител/старател

8. Изјава за користење на лични податоци потпишана од родител/старател

9.Мислење од психолог/дефектолог за учениците со посебни образовни потреби за кои се изработува  ИОП (Индивидуален образовен план).

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Ученикот треба да достави БАРАЊЕ  кон кое ги доставува потребните документи наведени во условите и критериумите во Огласот за доделување награди на талентирани ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода.

Воедно треба да достави и ИЗЈАВА за обработка на личните податоци потпишана од родител/старател на ученикот.

Рокот за пријавување започнува од 27.05.2019 година и трае 5 дена од денот на објавувањето на огласот.

Барањата и изјавите со потребната документација да се доставуваат по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. “Петар Дeљан” бр.17, или во архивата на општината со назнака - “За избор на талентирани ученици-спортисти” - Комисија за доделување на награди за талентирани ученици-спортисти од општинските основни училишта на Општина Кисела Вода.

 

Барањето и изјавата се достапни на веб страната на општина Кисела Вода на следниот линк:

 

КЛИКНИ ТУКА ЗА БАРАЊЕ

КЛИКНИ ТУКА ЗА ИЗЈАВА

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa