Оглас за доделување на награда на воспитувачи и негуватели

Врз основа на член 6 од Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негователи од јавните детски градинки  од  Општина Кисела Вода бр. 09 – 2588/7 од  28.03.2019 година,  и Програма  од надлежност В – предучилишно воспитување Програма В1 – предучилишно воспитување  за 2019 година, Општина Кисела Вода  објавува

 

О Г Л А С

За доделување награди за најдобри воспитувачи и негуватели  од

                                                јавните детски градинки од Општина Кисела Вода

 1.       Право на учество на огласот имаат воспитувачи и негуватели кои се вработени  во јавните детски градинки  од Општина Кисела Вода  по услови и критериуми утврдени воПравилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негователи  од Општина Кисела Вода бр. 09 – 2588/7 од  28.03.2019 година.

 

         I.  УСЛОВИ   И  КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИ ВОСПИТУВАЧИ И НЕГОВАТЕЛИ ОД ЈАВНИТЕ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ  ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

 

-          Кандидатите треба да ги исполнат следните општи услови и критериуми

 

-          Кандидатите треба да ги исполнат следните посебни услови и критериуми

1. Да е вработен во воспитно – образовна установа на територија на Општина Кисела Вода.

2. Да има минимум 2 години работно искуство (воспитувач, негувател), независно од статусот на ангажираност (неопределено, определено и привремено ангажирани).

3. Сертификати за учество во реализација на проекти и семинари кои се од значење за воспитно – образовниот и згрижувачки процес, согласно наставните планови и програми за предучилишно воспитување, добиени во последните 2 години од акредитирани установи и институции – (алтернативно).

4. Мислење од Стручниот совет на Градинката во која работат.

5. Изјави од родители чии деца се директно вклучени во воспитно – образовниот и згрижувачки процес од страна на кандидатите (алтернативно).

6.Да нема добиено награда за најдобар воспитувач/негувател во последните 3 години.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Воспитувачот/негователот треба да достави БАРАЊЕ  кон кое ги доставува потребните документи наведени во условите и критериумите во Огласот за доделување награди на најдобри воспитувачи и негователи од јавните детски градинки  од Општина Кисела Вода.

Воедно треба да достави и ИЗЈАВА за обработка на личните податоци потпишана од воспитувачот/негователот.

Рокот за пријавување започнува од 27.05.2019 година и трае 5 дена од денот на објавувањето на огласот.

Барањата и изјавите со потребната документација да се доставуваат по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. “Петар Дeљан” бр.17, или во архивата на општината со назнака - “За избор на најдобар воспитувач и негуватели” - Комисија за доделување на награди за најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки на Општина Кисела Вода.

 

Барањето и изјавата се достапни на веб страната на општина Кисела Вода на следниот линк:

 

КЛИКНИ ТУКА ЗА БАРАЊЕ

КЛИКНИ ТУКА ЗА ИЗЈАВА 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa