• 6000 denars for every newborn baby in municipality

    Municipality of Kisela Voda has provided 6000 denars for every newborn baby within the municipality starting from June 20,2013 until the end of the year.

  • Opened 8th Summer cultural festval"Tri Krusi 2013"

    ore than 3000 people gathered at the opening of the Summer Cultural Festival "Tri Krusi 2013" this year

  • Pothole repair campaign in Kisela Voda

    Road reconstruction and pothole repair campaign is under way within the municipality of Kisela Voda.

Home

Општина Кисела Вода ги награди најуспешните основци

Продолжуваат активностите на општина Кисела Вода во насока на одбележување на 61-годишниот јубилеј. Денес,во рамките на проектот “Општината ги стипендира најдобрите”, 90-те талентирани и надарени ученици од основните училишта на оваа територија, кои во текот на учебната 2015/2016 година освоија награди на натпреварувањата од областа на науката, спортот, културата и уметноста, од градоначалникот и Претседателот на Советот на општина Кисела Вода добија парични награди.

Освен поединечните награди во висина од 10 000 денари, беа доделени и 4 награди во вредност од 15 000 денари во екипна конкуренција.

- Реализирањето на сопствените амбиции, врвните достигнувања во областа во која се чувствувате најмоќни, задавањето на се повисоки цели и нивното остварување, се одлика на успешните луѓе. Кога се работи за млади лица, за ученици, како што сте вие, овој успех е уште поголем. Паричните средства што општина Кисела Вода денес ви ги доделува освен што значат признание, треба да бидат поттик за вашата понатамошна работа. Стимул - со посветеност да продолжите да ги проширувате своите видици, создавајќи високоинтелектуална креативна средина за сите ваши соученици и оние кои ќе ве наследат во училишните клупи- потенцираше градоначалникот Беличанец-Алексиќ во своето обраќање.

 

Денешните активности за одбележување на Денот на општината, 29-ти јуни, продолжуваат во попладневните часови. Во 17 часот Здружението на пензионери на Кисела Вода ќе одржи хуманитарна коријада во паркот Шопен. Средствата од продажбата на белите печива кои тие ги подготвуваат, а потоа и продаваат, се наменети за социјално- загрозените лица од општината. На истата локација од 18часот, во соработка со ЈЗУ Здравствен дом-Скопје, ќе се вршат бесплатни лекарски прегледи, а потоа Здружението на пензионери на Кисела Вода ќе се претстави со културно-уметничка програма.

FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе ја реконструира ул."Христо Татарчев-Крак 6" https://t.co/8Q1oRQzqTQ
24hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Сара Мејс одржа спектакуларен концерт во Драчево https://t.co/1ZF78N8oeX
O_KiselaVoda Започна втората фаза од проширувањето на патот кон Теферич https://t.co/TltVTsKvsH