• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Голема еколошка акција на Пакомак, Општина Кисела Вода и радио Буба Мара

Денеска во основното училиште “Круме Кепески” во Општина Кисела Вода се  означи почетокот на големата еколошка акција за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштата, која ја организираат  компанијата Пакомак, општината Кисела Вода и радиото Бубамара. 


Еколошката акција ќе опфати 25 основни училишта во три скопски општини, а целта е да се  активираат   децата заедно со нивните семејства да го селектираат отпадот од најмала возраст и да се едуцираат за  важноста од селекцијата на отпадот и рециклирањето. 
За оваа цел, Пакомак во секое училиште  постави потребна количина на наменски  контејнери и жолти канти , што учениците  во одредени денови ќе ги полнат со амбалажен отпад од пластика - исклучиво со пластични шишиња од вода, сокови, јогурт, пиво, оцет и од масло. За собраниот амбалажен отпад од пластика, Пакомак ќе возврати со хигиенски средства, кои до сега беа на трошок на училиштата и родителите. Училиштето што ќе собере најмногу отпад, ќе добие и дополнителни награди. 
„Пакомак“ уште од првиот ден на својата работа има за цел да ја подигне општата еколошка свест кај граѓаните, особено за потребата од селектирано собирање на амбалажниот отпад и негово рециклирање, бидејќи така се штедат природните ресурси кои се ограничени. Со овој проект  успеавме да го поврземе целиот ланец за успешно собирање на отпадот, од кој сите имаме  придобивка:  природата, училиштето и граѓаните. Обично родителите влијаат и ги образуваат децата, но ние очекуваме и веруваме дека овој пат учениците ќе бидат оние кои ќе влијаат врз еколошката свест на своите родители” - изјави Филип Ивановски, главен извршен директор на Пакомак
„ - За кратко време собравме преку 800 кг пластичен отпад. Среќни сме што Еколошката акција е одлично прифатена од страна на учениците и нивните семејства. Нашето училиште, со оваа акција   ќе успее  да ја зголеми хигиената во училиштето  на највисоко ниво, родителите се презадоволни , но сепак  најголемата придобивка е што оваа  генерација ќе добие почиста општина, почист воздух, поздрава храна и почисто училиште”, изјави Павлина Трајковска - директор на основното училиште Круме Кепески од Кисела Вода.
Поддршка на проектот даде и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, кој во текот на претходниот ден изврши обиколка на сите осум основни училишта и утврди како тече процесот на имплементација на овој голем еколошки проект.
„ -На овој начин создаваме  нови еколошки, едуцирани  генерации,   успеавме да  поврземе  20.000 домаќинства  да го селектираат отпадот  и  според нашите предвидувања во текот на наредната година  сите  заедно ќе успееме да  му го најдеме вистинското место на  околу 50 тони пластичен отпад, кој  како илустација, ако не се селектира,   во некоја депонија ќе зафати простор  во висина од   20 катна зграда и таму би  останал  да скапува  500 години. Ние такво ропство на пластичната амбалажа не и дозволуваме - изјави  иницијаторот Ранко Петровиќ  од Радио БУБАМАРА . 
Покрај еколошките придобивки, на самиот почеток  со средствата од собраниот отпад , училиштата  добиваат  професионални апарати и неограничени количини течен сапун - до секоја чешма во училиштата.   

 

Коментари  

 
+1 #1 marija 2012-12-27 12:44
Odlicen poteg !
Цитат
 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес дел од ул. Сердарот без струја https://t.co/TAFjbaIUI8
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
24hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN