• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Во ,,режија“ на Мартин Миленковски

Фудбалерите на ОУ "Круме Кепески" се нови фудбалски шампиони во Општина Кисела Вода, додека капитенот на оваа екипа, Мартин Миленковски е прогласен за играч на сезоната.

 

Тоа е епилогот од завршницата на плеј-офот од првенството во мал фудбал, што се играше во рамките на училишниот спорт, чиј годинешен покровител е градоначалникот на Општина Кисела Вода,  Билјана Беличанец –Алексиќ. Инаку, финалето на плеј-офот, наликуваше на вистински првенствен натпревар. Во првото полувреме ,,Дуња“ на двапати се закани, но голгетерот Филип Таневски не успеа да се запише во листата на стрелците. Еднаш, неговиот удар заврши во стативата, а вториот пат, топката заврши покрај голот. На спротивната страна пак, голманот Михаил Чорев правеше ,,чуда“. На неколкупати интервенираше маестрално по шутевите на  Миленковски и Атанасовски. Победникот беше решен во второто полувреме. Прво,  Миленковски го откри резултатот спроведувајќи една одбиена топка во мрежата на  Чорев, а подоцна на фудбалски начин ги постави конечните 2:0, притоа докажувајќи дека избраниците на тренерот Игор Зафировски убедливо беа најдобар тим во  измината сезоната. Во натпреварот за третото место ОУ ,,Кузман Шапкарев“ славеше лесна победа од 9:0 над  немотивираниот противник ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“. На крајот од финалниот натпревар пехарите, медалите и дипломите ги доделија, Панче Јакимовски претседател на училишниот спорт на Град Скопје, како и, претставници на  ,,Телеком“ и ,,Телефонмонтажа“ А.Д.Скопје, годинешни спонзори на училишниот спорт.    

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Соломон Паси на средба со градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/lV4EYgZBYi
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода во соработка со ХОПС спроведе акција за чистење околу болницата за зависности https://t.co/m46FnThXGT
O_KiselaVoda Денес ул. Пушкинова без вода https://t.co/FWt157W65K

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата