• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Основци од Кисела Вода учествуваа на “Денови на Електротехниката”

Успешната соработка со основните и средните училишта на територија на Град Скопје, продолжува преку реализација на повеќе заеднички проекти,  посветени на младите вљубеници во природните науки. 


 Втора година се реализира заедничкиот проект - Денови на Електротехниката во  организација на средното електротехничко училиште на Град Скопје ,,Михајло  Пупин,,  во период од 21, 22 и 23 мај, натпревар во знаење меѓу учениците од основните училишта од општините на територија на Град Скопје. 
 Натпреварот се реализира под мото ,,Денови на електрониката” а натпреварувањето меѓу учениците е од областа на наставниот предмет физика за 8 одделение и делот во кој се изучува електротехниката.
 Целта на проектот е придонесување и помагање во подобрување на квалитетот и  квалификациите на учениците и нивна подобра подготвеност за  вклучување во процесот и справувањето со професионалните предизвици.     
Од Општина Кисела Вода   учество земаа   училиштата “Кузман Јосифовски – Питу”, “Партенија Зографски”,  “Невена Георгиева – Дуња”,  “Кирил Пејчиновиќ”, “Круме Кепески”, “Рајко Жинзифов”  и  “Кузман Шапкарев” со тим од три ученика и наставник ментор.
 Од особена важност за реализација на проектот  е подршката од градоначалниците од општините на Град Скопје, кои во координација со  средното електротехничко училиште на Град Скопје “Михајло Пупин”  одделението за образование  во општините и менторите од основните училишта придонесуваат за успешно реализирање на манифестацијата.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт ќе го реализираат проектот „Европска недела на спортот“ https://t.co/ujh6sTJQjx
O_KiselaVoda Четвртоодделенците од ООУ "Рајко Жинзифов" ја посетија Општина Кисела Вода https://t.co/Pearp0WXcI
O_KiselaVoda Мамци против штетни глодари поставени во 3863 шахти низ цела Општина Кисела Вода https://t.co/FjQDzViFU9