• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

,,Дуња“ нов кошаркарски шампион

Подобар крај на училишниот спорт во општина Кисела Вода, и не можеше да се случи. Спортската сала ,,Независна Македонија“ по одигрувањето на кошаркарскиот плеј-оф, беше преполна со емоции, навивање, тимски дух, крајно педагошки и стручен надзор на тренерите, потези, скокови и постигнати кошеви кои се далеку надминати од нивото  - училишен спорт. 

Во финалето на кошаркарскиот плеј-оф, кошаркарите на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“  славеа со 75:42 во средбата со своите врсници од ОУ ,,Партение Зографски“. ,,Дуња“ го доби епитетот нов кошаркарски шампион во училишен спорт, сосема заслужено, бидејќи во текот на целата сезона играше најдобра кошарка. Најистакнати во таборот на тренерот Вангел Сувариев и овојпат беа, капитенот Марио Николовски, кој воедно  беше прогласен за  најдобар играч на сезоната, неуморниот Филип Илиев,  борбениот Валентино Каранфиловски, како и највисокиот играч на теренот Бојан Јовановски, кој беше нерешлива енигма за противникот под кошевите.  Во екипата на ,,жолтите“,  пак, стандардно добра игра прикажа  бековскиот тандем  Гиговски-Темелковски. Интересен беше и натпреварот за третото место и бронзениот медал. Имено, крајниот резултат  меѓу  ОУ ,,Круме Кепески“ и ОУ ,,Рајко Жинзифов“ гласеше 66:65. Полното гледалиште имаше прилика да присуствува на најнеизвесниот  натпревар во сезоната. Натпревар преполн со пресврти, добри потези на актерите во теренот, професионално водење на екипите од страна на тренерите, професорите по физичка култура Александар Милојевиќ и Јовица Ефтовски.  Громогласниот аплауз од публиката, веднаш по завршувањето на средбата, среќните  лица на кошаркарите, на тренерите, на родителите, буквално на целото гледалиште,  е вистински доказ, дека,  проектот ,,Училишниот спорт“ успешно се работи веќе седма година во сите осум основни училишта кои гравитираат на територијата на Општината, чиј  покровител на проектот е градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ. На крајот од финалната средба,  пехарите, медалите и дипломите ги доделија претставници на одделението за спорт при Општина Кисела Вода, кординатор на проектот, претставници на професорите по физичка култура како и шампионската кошаркарска општинска репрезентативна генерација од минатата година  предводена од Ѓорѓиев, Милевски, Темелковски и Јаховиќ.Подобар крај на училишниот спорт во општина Кисела Вода, и не можеше да се случи. Спортската сала ,,Независна Македонија“ по одигрувањето на кошаркарскиот плеј-оф, беше преполна со емоции, навивање, тимски дух, крајно педагошки и стручен надзор на тренерите, потези, скокови и постигнати кошеви кои се далеку надминати од нивото  - училишен спорт.  Во финалето на кошаркарскиот плеј-оф, кошаркарите на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“  славеа со 75:42 во средбата со своите врсници од ОУ ,,Партение Зографски“. ,,Дуња“ го доби епитетот нов кошаркарски шампион во училишен спорт, сосема заслужено, бидејќи во текот на целата сезона играше најдобра кошарка. Најистакнати во таборот на тренерот Вангел Сувариев и овојпат беа, капитенот Марио Николовски, кој воедно  беше прогласен за  најдобар играч на сезоната, неуморниот Филип Илиев,  борбениот Валентино Каранфиловски, како и највисокиот играч на теренот Бојан Јовановски, кој беше нерешлива енигма за противникот под кошевите.  Во екипата на ,,жолтите“,  пак, стандардно добра игра прикажа  бековскиот тандем  Гиговски-Темелковски. Интересен беше и натпреварот за третото место и бронзениот медал. Имено, крајниот резултат  меѓу  ОУ ,,Круме Кепески“ и ОУ ,,Рајко Жинзифов“ гласеше 66:65. Полното гледалиште имаше прилика да присуствува на најнеизвесниот  натпревар во сезоната. Натпревар преполн со пресврти, добри потези на актерите во теренот, професионално водење на екипите од страна на тренерите, професорите по физичка култура Александар Милојевиќ и Јовица Ефтовски.  Громогласниот аплауз од публиката, веднаш по завршувањето на средбата, среќните  лица на кошаркарите, на тренерите, на родителите, буквално на целото гледалиште,  е вистински доказ, дека,  проектот ,,Училишниот спорт“ успешно се работи веќе седма година во сите осум основни училишта кои гравитираат на територијата на Општината, чиј  покровител на проектот е градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ. На крајот од финалната средба,  пехарите, медалите и дипломите ги доделија претставници на одделението за спорт при Општина Кисела Вода, кординатор на проектот, претставници на професорите по физичка култура како и шампионската кошаркарска општинска репрезентативна генерација од минатата година  предводена од Ѓорѓиев, Милевски, Темелковски и Јаховиќ. 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Табли со предупредување на изворите со небезбедна вода за пиење https://t.co/NgZkQAUlUp
19hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Честит Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед https://t.co/8KqTnkD4cF
O_KiselaVoda Денес дел од Припор без вода https://t.co/I9YMpxbap9