Насловна
Општина Кисела Вода традиционално и оваа година се приклучи на акцијата за садење на садници - Ден на дрвото – засади ја својата иднина.
Градоначалникот на општината, повеќе советници, вработените во администрацијата, граѓани, учествуваат во пошумувањето кое денес се одвива во сите месни и урбани заедници, во парковите, во зелените површини...
Во разубавувањето и разеленувањето на општина Кисела Вода, учествуваат и учениците од основните училишта на оваа територија, како и дечињата од градинките кои насадија дрвца во училишните дворови и градинките.
Се садат различни видови на дрвца, како јасен, чемпрес, неколку врсти на туја... Со годинешната акција која се одвива по 17ти пат, во координација со Владата на Република Македонија и Градот Скопје и граѓанското здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“, во општина Кисела Вода ќе бидат засадени околу 30000 нови садници.