Насловна
Работејќи во насока на подобрување на патната инфраструктура, општина Кисела Вода ќе реализира проект за рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот. Преку проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, општина Кисела Вода доби финансиски средства за рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот во село Драчево. Општина Кисела Вода ги повикува сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот во село Драчево.
Заинтересираните подобни понудувачи можат да добијат дополнителни информации секој работен ден од 08:30 до 16:30 во општината на ул. Петар Делјан бр.17 или на телефон: 02/2785-417, Факс: 02/2785-417, Електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Огласот може да се најде и на следниов линк www.kiselavoda.gov.mk/index.php/2012-12-25-11-39-05 .