• Кисела Вода меѓу најуспешните

    Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ,доделија нови 50 решенија за легализација на дивоградби.

  • Ново училиште во Драчево

    Отворени вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

  • Отворена градинка во Црниче

    Градинката “Перуника” е првиот јавен објект кој за греење користи биомаса

  • Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

    Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година.

 

 

Насловна

Отчет за сработеното на градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Белианец-Алексиќ, денес одржа прес конференција за сработеното во изминатиот четиригодишен период. Отчетот за најголемиот дел од релизираните проекти, ви го пренесуваме интегрално.

Почитувани претставници на медиумите,

При крајот на последната, четврта година од мојот мандат, време е да направиме ретроспектива и дa презентираме дел од проектите на Општина Кисела Вода, кои имаа за цел подобрување на квалитетот на живеење во овој дел од градот. За овој период имајќи ја и поддршката од централната власт и Градот Скопје, заедно со Советот на Општината, успеавме да реализираме над 80% од предвидената Програма и бројни други проекти кои произлегоа од тековните проблеми на жителите кои бараа итно решавање. Во оваа прилика ќе ги издвојам најзначајните.

Во областа на образованието и енергетската ефикасност, се реализираа следните проекти:

Се изградија  од темел две нови училишни згради  и тоа ООУ” Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” и ООУ “Невена Георгиева Дуња”со средства на Владата на Република Македонија преку Министертво за образование и наука , додека Општина Кисела Вода инвестираше во реконструкција на спортската училишна сала во истото училиште , за која е предвиденo во тековната 2017 година и целосна реконструкција на подот. Реконструкција на под е планирано да се направи и во училишната  спортска сала во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”.

 

Реконструкции на основни училишта на територија на Општина Кисела Вода во изминатиов период се реализирани и во следниве објекти:

-         ПОУ Круме Кепески во Припор,

-         ПОУ Кузман Јосифовски Питу, нас. Црниче

-         комплетна енергетска обнова на Централното Основно Училиште “Круме Кепески”,

-         а во финална фаза е и реконструкцијата на ООУ Кузман Шапкарев во населбата Драчево.

Притоа сакам да го издвојам проектот награда за стоте најталентирани ученици од страна на Општина Кисела Вода што во континуитет се реализира секоја година во износ од 10.000,00 денари.

За овие четири година Општина Кисела Вода интензивно работеше на зголемување на бројот на капацитети за згрижување на децата од предучилишна возраст. За таа цел се изградени три нови градинки по сите современи стандарди и тоа во населени места каде до сега не постоеле.

  1. Градинката Стапалче – Пропор
  2. Градинката Ѓурѓица – Пинтија и
  3. Градинката Перуника – Црниче

За истите овие градинки го применивме современиот метод за загревање со овошни семки и пелети како енергенс , со што придонесовме во заштита на животната средина.

Овој тип на системи на загревање ги имплементиравме и во градинките Пеперитка 1 и 2 во нас. Драчево како и градинката 8-ми  Март во Пржино која беше целосно реконструирана со цел да се постигне енергетска ефикасност.

Изминатиов период Општина Кисела Вода го воведе проектот еднократна парична помош во висона од 6.000 денари за секое новороденче  и досега се доделени 1748 ваучери на семејства од општината.

Од областа на комуналната инфраструктура низ бројки изведени се преку 4100 метри атмосферска, преку 3400 метри фекална канализација и над 2100 метри водоводна мрежа.

Ќе ги издвојам:

-         Заокружувањето на капиталниот проект за нов водовод во населбата Пинтија

-         реконструкцијата на водоводен систем во месноста Порупи во село Драчево

-          водоводна мрежа и на бул. Борис Трајковски крак 2 и крак 4,

-         На ул. “Банско”,

-         По  улицата “Саса 30”,

-         Ја финализиравме третата фазата од водоводна мрежа на ул. Сердарот, и на ул. Шиндаровска, 

-         изведовме водоводна мрежа во месноста Три Круши и на ул “Зеленгора”.

Дел од овие проекти беа во соработка со Водовод и канализација Скопје.

Во делот на превземањето на отпадни атмосферски води ги реализиравме проекти на следните улици:

-         на ул. „Жарко Зрењанин”

-         на ул. “Локов” и ул. “Ѓорѓи Димитров”,

-          на ул. “Димо Хаџи Димов”

-         ул.  “Банско”,  

-         ул. “Фредерик Шопен” и ул. “Боро Камчевски”,

-         ул. “Живко Фирфов”,

-         ул. “Пушкинова “,

-         ул. “Ѓорѓи Сугаре”,

-         ул. “Спиро Гулапчев”, 

-         ул. “Козјак”

 

Во делот на фекални отпадни води општината инвестираше на следниве локации:

-         ул.” Христо Татарчев” крак 22,

-         ул. ”Румена Хаџипанзова” и крак 10 oд истата улица ,

-         ул. “Малешевска 1”,

-         ул. “Речиште” ,

-         ул. ”Банско” ,

-         ул. Жванска,

-         ул.  1511 во Расадник ,

-         а реконструирана беше и фекалната канализација за улица “Ѓорѓи Сугаре”.

Интензивно работејќи на обнова и подобрување на патната инфраструктура, на изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, нанесени се околу 15 800 квадратни метри асфалт.

И тоа интервенирано е на следните улици:

-         на локалниот пат „Речиште” во селото Драчево,

-         реконструирана е улицата “Ратко Митровиќ” (сегашна “Иван Хаџиниколов”) со крак на истата улица и крак на ул.“Речиште”.

-         Дел од пристапниот пат до рекретаивниот центар Теферич.

-         Реконструирани беа и улиците “Mишко Михајловски”,

-         ул.“Марко Цепенков” и “345”.

-         ул. 1440 во нас. Пинтија

-         ул. Томе Арсовски

-         ул. “Саса 2”

-         ул.” Христо Узунов” во населбата Црниче

-         ул. “Христо Татарчев” крак 23 

-         асфалтиран беше  крак и на ул. Вера Јоциќ,

-         ул. “Мариовска”,

-         ул. Мегленска

-         ул. Спиро Гулапчев

Со павер елементи беа поплочени:

-         ул. “Жванска”

-         ул. 474

-         ул. Киро Фетак

-         ул. Боро Камчевски

-         ул. Борис Трајковски крак 26

Додека на следните улици беа целосно реконструирани тротоарите:

-         ул.“Рилски конгрес”

-         ул.” Милан Мијалковиќ” во населбата Пржино.

-         ул. Иван Хаџиниколов

-         ул. Марко Цепенков

-         ул. 345

-         ул. Трајко Миланов

-         ул. Спиро Гулапчев

-         ул. Димо Хаџи Димов

-         ул. Бранко Заревски

-         ул. Франк Манинг и

-         ул. Ѓорѓи Димитров

 

На повеќе локации беше поставено ново улично осветлување и хортикултурно уредување. 

Беше реализиран и проект за регулирање на сообраќајниот режим во еднонасочен правец на следните улици во населба Црниче:

-         ул. Партение Зографски,

-         ул. Христо Узунов и дел од Серска,

-         ул. Жванска,

-         ул.Дамбени,

-         ул.Баница и Наум Охридски.

Во сферата на културата ги издвојуваме следните проекти:

-         Реконструкција на Домот на култура во населба Кисела Вода „Кисела Вода Кино“(КВК) во соработка со Министерство за култура.

-          Паркот на бранителите во населбата Драчево

-         Исто така, сакам да ја најавам и целосната обнова на старото кино во село Драчево со поддршка на Агенцијата за финасиска подршка во земјоделието и руралниот развој и сопствени средства на општината.

Воедно, беа реализирани и бројни културни манифестации како Три Круши , чествување на патрониот празник Ѓурѓовден и денот на општината.

Во соработка со Агенцијата за млади и спорт реализирани се повеќе капитални инвестиции.

Повеќенаменски игралишта на следниве локации:

-         во село Драчево, во кругот на ООУ “Климент Охридски”,

-          во Црниче, во кругот на ПОУ Кузман Јосифовски Питу,

-          во населбата Драчево, во кругот на ООУ “Кузман Шапкарев”,

-         а во тек е изградбата и на, четвртото по ред, лоцирано во Припор, во кругот на ПОУ “Круме Кепески”.

Додека ООУ Кузман Шапкарев во нас. Драчево се стекна со единечен тениски терен.

Во 2017-2018 година  Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општина Кисела Вода планира изградба на уште две повеќенаменски игралишта во населбата Пинтија и во село Усје, а исто така предвидена е изградба и на три тениски терени и игралишта за баскет.

Дополнително, Општина Кисела Вода ги приклучи двете спортски сали, Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“ на централно парно греење, а во изминатите четири години комплетно им се реновираа и гледалиштата, паркетот и водоводната санитарија.

Изградени се две фитнес зони како и повеќе современи детски игралишта. А истовремено е поставена и нова урбана опрема.

Од областа на урбанизмот согласно изгласаниот ГУП во 2012 усвоени се 13 детални урбанистички планови и 2 општи акти, додека во процедура се уште 17 детални урбанистички планови и 2 Урбанистички планови за село и тоа за село Драчево и село Усје.

А во континуитет како и досега општината ќе продолжи со процесот на легализација на дивоградби.

 

Од она што е планирано, за оваа 2017 година, ќе гo издвојам следново:

-      Поставување на осветлување на улица Мариовска кон Теферич, во Припор

-          Изградба на трибина на фудбалското игралиште ССК во населба Драчево.

-     Реконструкција на ул. Партизански Пат во селото Драчево

-  Изведба на водоводна, фекална и атмосферска мрежа на улица “Зеленгора” во Пржино

-          Изведба на фекална канализација во населба Градинар, 11 Октомври Бараки

-          Изградба на атмосферска канализација на улица “Славка Димкова” во населбата Драчево

-          Санација на водоводната мрежа на улица “Сава Ковачевиќ”, крак 6 во Кисела Вода и асфалтирање на истата улица

-          Партерно уредување на просторот околу Дом на култура “Кисела Вода Кино (КВК) “(паркинг простор).

-          Изградба на монтажна катна гаража во населбата Расадник

-  Ќе отпочнеме со атмосферска канализација на новопроектирана ул. Иван Козаров во должина од 325 метри

-        Aсфалтирање на новопроектирана ул. Иван Козаров во должина од 213 метри

-     за подобро водоснабдување   Општина Кисела Вода ќе изврши замена на старите пумпи со нови на водоводниот систем во Порупи

-Ќе се изработи техничка документација за целосна реконструкција на улицата “Жарко Зрењанин” со тротоари и ново улично осветлување

- Ќе се врши рехабилитација на коловозот на ул. “Сердарот”, во селото Драчево.

 

Секако, со несмалена динамика ќе работиме и на сите оние редовни активности по поглед на тековно одржување на уличното осветлување, тековно крпење на ударни дупки, расчистување на речните корита и канали, и дивите депонии,  легализација на дивоградби, делење на ваучери за новородениња, но и на сето она што ќе се појави како проблем и чие решавање ќе го подобри квалитетот на живење на жителите на општина Кисела Вода.

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе ја реконструира ул."Христо Татарчев-Крак 6" https://t.co/8Q1oRQzqTQ
24hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Сара Мејс одржа спектакуларен концерт во Драчево https://t.co/1ZF78N8oeX
O_KiselaVoda Започна втората фаза од проширувањето на патот кон Теферич https://t.co/TltVTsKvsH