• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Учениците од ООУ Кирил Пејчиновиќ се сретнаа со фудбалерите на ФК Вардар

Учениците од ОУ Кирил Пејчиновиќ денес имаа можност да се сретнат со своите миленици, фудбалерите на ФК Вардар.

На овој настан кој е во организација на општина Кисела Вода и ОУ Кирил Пејчиновиќ учениците денес имаа можност да се запознаат со фудбалерите, да се дружат, фотографираат, да разменат мислења и искуства за нивниот омилен спорт.

Евгениј Новак, Никола Глигоров, Филип Гачевски, Бесир Демири и Стефан Спировски заедно со учениците во дворот на училиштетот изиграа пријателски натпревар преку кој им ги покажаа своите фудбалски вештини и трикови. На крајот од средбата тие на учениците им поделија автограми, маички и билети за претстојниот натпревар.

-Целта на нашата посета е дружба со учениците од основните и средните училишта кои гравитираат на територијата на општина Кисела Вода. Овие средби исто како и минатата година ќе продолжат и оваа година и ќе имаат за цел да ги мотивираат учениците да спортуваат и да присуствуваат на натпреварите на ФК Вардар, изјавија од ФК Вардар

-Чест е и задоволство денеска да се биде тука покрај овие дечиња. Нема поубаво нешто од искрена детска насмевка, и ние сме многу горди што успеавме да ги израдуваме учениците од ова училиште. Тие не вратија низ времето кога и ние бевме на ученичките клупи, рече Никола Глигоров.

- Јас како директор на ова училиште и во иднина, во соработка со општина Кисела Вода ќе правам напори во нашето училиште да го промовирам спортот, а со тоа и здравиот начин на живот. Уште еднаш сакам да и се заблагодарам на општина Кисела Вода за поддршката која ни ја дава во промовирање на спортот, изјави Сашо Јовановски директор на ООУ Кирил Пејчиновиќ.

 

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски им додели благодарници на ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел 1862 и КК Академија ФМП https://t.co/3d6rz4TMTD
7hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода во повеќе паркови ја обнови урбаната опрема и детските игралишта https://t.co/oXV7zKjzip
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода избира најдобар наставник, воспитувач и негувател https://t.co/Ricks2VnWt