• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Одбележан патрониот празник на ОУ Кузман Јосифовски – Питу во општина Кисела Вода

Денес беше одбележан патрониот празник на ОУ Кузман Јосифовски – Питу во општина Кисела Вода. Во објектот на подрачното училиште, во Црниче, се одржа свечена програма, во која зедоа учество голем број на ученици, преку музичко-ритмички изведби.

-Ние денес одбележуваме 55 години постоење на нашето училиште, многу сум радосна што на овој ден имаме голем број гости. Во исто време го прославуваме ликот и делото на еден од главните организатoри на антифашистичкото движење во Македонија, Кузман Јосифовски Питу. Сакам да и се заблагодарам на Општина Кисела Вода за поддршката која постојано ни ја дава во реализација на нови проекти, изјави Мишела Милеска Николовска, директор на ОУ Кузман Јосифовски – Питу.

55 годишниот јубилеј оваа училиште го дочекува во темелно реновиран објект, по сите современи и еколошки стандарди.

За потсетување во подрачното училиште ПОУ Кузман Јосифовски – Питу , во Црниче, покрај vo замената на прозорците, столаријата, фасадата,  покривот, Општина Кисела Вода инвестираше и во замена на системот за греење, така што истото е првиот јавен објект во Македонија кој се загрева на целосно еколошки начин, со помош на биомаса. Исто така, во еден дел од училиштето, беше отворена и детска градинка, прва во овој дел на градот, а во дворот, Агенцијата за млади и спорт изгради и повеќенаменско игралиште.

Годинава, во двата објекта на ОУ Кузман Јосифовски – Питу, и во основното и во подрачното училиште, настава посетуваат 582 ученици.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Продолжува чистењето на Општина Кисела Вода https://t.co/cBz4c4X2NR
O_KiselaVoda Денес една улица во Кисела Вода без струја https://t.co/kIk0Mgss3Z
O_KiselaVoda Неколку улици во Кисела Вода без струја https://t.co/WsCHh4Pfa8

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата