• Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    На првата конститутивна седница беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Ново училиште во Драчево

    Отворени вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

  • Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

    Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година.

  • Подобрени условите за дечињата во градинката “Сончоглед”

    Завршена е првата фаза од реновирањето на објектот на градинката “Сончоглед” во населбата Кисела Вода

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода го одбележа празникот Ксантика

Црвено-бели мартинки за среќа денес добија повеќе жители на општината Кисела Вода. Во рамки на веќе традиционалното чествување на Ксантика – празник на вековна традиција за славење на радоста, светлината, чистотата и будење на природата, дечињата од јавните градинки и основните училишта на оваа територија ги делеа исплетените мартинки на случајните минувачи и на посетителите во паркот Македонија и Паркот на бранителите, каде се одвиваше централната манифестација.

 

Во организација на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, се одржа приредба на која дечињата, облечени во македонски народни носии, играа традиционални македонски ора. Пред присутните беа изложени различните изработки, во црвена и бела боја, во најразлични ликовни техники.

Според народното предание, се верува дека двете бои на мартинките имат и своја симболика, белата боја ја симболизира чесноста и искреноста, а црвената светлината и љубовта во животот. Почнувајќи од 1 Март, па се до расцветувањето на првото дрво тие се носат како алки, се прикачуваат на облеката, се носат како приврзоци, а  потоа, се верува дека треба да се закачат на првото расцветано дрво со желби за добро здравје и љубов.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Христо Татарчев без струја https://t.co/Gus5bQy38k
O_KiselaVoda И жителите на Општина Кисела Вода можат да аплицираат за субвенции за печки на пелети https://t.co/DqxWRK6UE4
O_KiselaVoda Утре две улици во Кисела Вода без струја https://t.co/bISpPibz1Z