Насловна
Голема акција за собирање на кабастиот отпад се одвива оваа седмица во општина Кисела Вода. преку секторот за Месна самоуправа и социјална заштита, заедно со ЈП “Комунална Хигиена“ Скопје.
Активностите се реализираат пооделно по урбани и месни заедници според датумот предвиден за одложување на отпадот според следната динамика:
Во Урбана заедница Кисела Вода собирање на кабаст отпад ќе биде на 06.03.2017 година (понеделник) на следниве локации:
• ул. Георги Димитров 52- кај Дом за слепи лица
• ул. 14 Декември на спој со ул. Димо Хаџи Димов
• ул.Христо Татарчев - последна автобуска 24 (до пунктот за Улица и патишта)
Во урбана заедница Расадник
• ул. Сава Ковачевиќ 47 д
• 1512/13 (бочно од ресторан Ексклузив)
Во месна заедница Припор
• Ул. Христо Татарчев крак 14/2
• ул.Христо Татарчев – до месната заедница Припор
• месност Теферич ( до спортското игралиште)
На 07.03. 2017 година (вторник) кабаст отпад ќе се собира во:
Урбана заедница Пржино на локација:
• На спој на ул.Кавалска со ул. Пржино
• ул. Мариовска (кај Треска склад)
• Ул. Милан Мијалковиќ ( кај Зур –маркет)
Урбана заедница Црниче на локација:
Ул. Наум Охридски бб. – пред месна заедница Црниче
Ул. Востаничка- кај маркет Рептил
Урбана заедница Бирарија на локација:
• ул.Димо Хаџи Димов бр 2 ( кај такси зоната)
• Ул. Томе Арсовски бр.41( кај парк Бирарија)
На 08.03.2017 година ( среда) кабаст отпад ќе се собира во:
Урбана заедница Цветан Димов на локација:
• Емил Зола бр.7
• Ул. Божидар Аџија ( пред Студентскиот дом Пелагонија)
Урбана заедница 11 Октомври –згради:
• Ул. Пушкинова- кај Парк Пушкин
• Ул. Ѓорги Сугаре бр.8
Урбана заедница 11 Октомври – бараки на локација:
• Пред месна заедница
• Ул. Првомајска бр.7- Градинар кај кошаркарското игралиште
На 09.03.2017 година ( четврток) кабаст отпад ќе се собира во:
Урбана заедница ,,Бобан Трпков" населба Драчево:
• ул. Иван Хаџи Николов-кај КАМ МАРКЕТ
• ул. Иван Хаџи Николов- кај ЖИТО МАРКЕТ
• ул.Коперникова – кај зградите
• ул. Бранко Заревски –помеѓу зграда бр.78 и зграда бр.80
Месна заедница село Драчево на локација :
• ул. Драчевска – на сред село пред мостот
Месна заедница Подстаница на локација:
• пред месна заедница
На 10.03.2017 година ( петок) кабаст отпад ќе се собира во :
Месна заедница Пинтија на локација:
• Ул. Саса- кај Паркот Детски сон
• Ул. Јабланица бр.101
Месна заедница Усје на локација:
• Ул. Првомајска 1- кај Церес
Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен отпад (мебел, бела техника, електронски отпад, опрема – делови за бања и купатило) освен градежен шут, гранки и комунален смет.