• Кисела Вода меѓу најуспешните

    Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ,доделија нови 50 решенија за легализација на дивоградби.

  • Ново училиште во Драчево

    Отворени вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

  • Отворена градинка во Црниче

    Градинката “Перуника” е првиот јавен објект кој за греење користи биомаса

  • Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

    Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година.

 

 

Насловна

Започна пролетно расчистување на општина Кисела Вода

Со посетата на Општина Кисела Вода од страна на градоначалникот Коце Трајановски, денес беше означен почетокот на четиринаесеттиот циклус на посети на скопските општини. Заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, во присуство на директорите на јавните претпријатија на Градот Скопје и претставници на градската и општинската администрација, ја отпочнаа пролетната акција за расчистување на оваа општина.

 

- Овие средби претставуваат одлична можност да се сретнеме со претставниците на урбаните и на месните заедници од сите општини и да ги слушнеме мислењата на граѓаните за проектите на Градот Скопје и нивните потреби. На овие средби разговараме за прашања кои се во надлежност на Градот Скопје и јавните  претпријатија, како што се сообраќајот, јавниот превоз, комуналната хитиена, одржувањето на зеленилото и за многу други прашања. Овие средби покажаа одлични резултати и истите допринесоа за подобрување на меѓусебната комуникација, зголемување на квалитетот на работата на јавните претпријатија и реализација на голем број на проблеми  на терен – кажа градоначалникот Трајановски.

По вчера одржаниот состанок помеѓу директорите на јавните претпријатија чие функционирање е во надлежност на град Скопје и на раководниот тим на општина Кисела Вода и претставници од сите месни и урбани зедници од овој дел на градот каде беа евидентирани постојните проблеми и беа посочени локациите на кои треба да се интервенира, денес од улицата Ѓорѓи Димитров, јавните претпријатија на Градот Скопје  помогнати од служите на Кисела Вода, започнаа засилени активности на терен.

 ЈП „Паркови и зеленило“ ќе работи на кастрење на крошните на дрвата, сечење на суви гранки, садење на цвеќиња, ЈП „Комунална хигиена“ ќе врши чистење и миење на улиците, како и замена на оштетените контејнери, ЈП „Водовод и канализација“ ќе работи на чистење и поправка на сливници, отстранување на дефекти во водоводната мрежа, како и санирање на прекопи, ЈП „Улици и патишта“ ќе вршат санација на улиците, како и на подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација, ЈСП Скопје ќе работат на чистење на автобуските постојки и просторот околу нив.

Градоначалникот на Општина Кисева Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ изјави дека овие редовни средби даваат позитивни резултати и истите ја подобруваат комуникацијата помеѓу урбаните заедници и општинската администрација со јавните претпријатија.

- Oвие средби придонесоа за подобрување на работата на јавните претпријатија, како и за реализација на голем број на проекти со кои директно е подобрен квалитетот на живот на жителите на Кисела Вода. Во договор со ЈП „Комунална хигиена“, оваа акција ќе ја искористиме за собирање на кабастиот отпад на  граѓаните, за што апелирам сите жители кои имаат отпад од овој вид (делови од мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати и др.) да го изнесат пред нивните домови или во близина на постоечките контејнери, за специјалните екипи на претпријатието истиот да го соберат – кажа Беличанец-Алексиќ.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода целосно ја реконструира ул."Партизански пат" во с.Драчево https://t.co/4f9wOVsL3f
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј се одбележа во основните училишта во општина Кисела Вода https://t.co/3qpbolK3u9
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Обновени фасадите на градинките во Драчево https://t.co/ORwAYvpe5S