• Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    На првата конститутивна седница беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Ново училиште во Драчево

    Отворени вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

  • Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

    Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година.

  • Подобрени условите за дечињата во градинката “Сончоглед”

    Завршена е првата фаза од реновирањето на објектот на градинката “Сончоглед” во населбата Кисела Вода

 

 

Насловна

Кабаст отпад ќе се собира и во петок и сабота

Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, минатонеделната акција за собирање на кабаст отпад ќе продолжи и во наредните два дена.

ЈП “Комунална Хигиена Скопје” во соработка со Општина Кисела Вода, преку секторот за Месна самоуправа и социјална заштита, овој петок и сабота,ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад и градежен шут  на територија на општината.

Акцијата ќе се спроведе пооделно по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:

10. 03. 2017 година (петок) од 07,00 – 11,00 часот: У.З. Цветан Димов, У.З. Бирарија, У.З. Црниче, У.З. Пржино и У.З. 11-ти Октомври згради и М.З. Припор

11. 03. 2017 година (сабота) од 07,00- 11,00 часот: У.З. Кисела Вода, У.З. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври бараки, МЗ. Пинтија, У.З. Бобан Трпков- н. Драчево, М.З.село Драчево и М.З. Усје и Градинар.

Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен отпад (мебел, бела техника, електронски отпад, опрема – делови за бања и купатило) освен градежен шут, гранки и комунален смет.        

Под градежен шут, покрај инертниот отпад и се подразбира и отпадот од градежна столарија (врати, прозорци, и сл.), санитарна керамика, како и градинарски отпад.                                                                    

Ги молиме граѓаните, отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на пристапно место за возилата на ЈП “Комунална Хигиена Скопје” и на начин што нема да го попречува движењето на пешаците и возилата.

Подетални информации можат да се добијат на бесплатниот телефон на ЈП “Комунална Хигиена Скопје”, 0800 222 33.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Христо Татарчев без струја https://t.co/Gus5bQy38k
O_KiselaVoda И жителите на Општина Кисела Вода можат да аплицираат за субвенции за печки на пелети https://t.co/DqxWRK6UE4
O_KiselaVoda Утре две улици во Кисела Вода без струја https://t.co/bISpPibz1Z