Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре од 12 часот без вода ќе останат дел од жителите од населбата Пинтија и корисниците лоцирани на улиците „Вера Јоциќ“, „Ѓорѓи Димитров“ и дел од „Народни херои“.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица на улицата „Ѓорѓи Димитров“ 11 во населбата Кисела Вода. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП Водовод и канализација не завршат со работата.