• Кисела Вода меѓу најуспешните

    Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ,доделија нови 50 решенија за легализација на дивоградби.

  • Ново училиште во Драчево

    Отворени вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

  • Отворена градинка во Црниче

    Градинката “Перуника” е првиот јавен објект кој за греење користи биомаса

  • Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

    Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода бара иницијативи од граѓаните за изработка на урбанистички планови

Работејќи во насока на подигнување на квалитетот на урбаното живеење на својата територија, општина Кисела Вода објави јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на нови или изменување и доплнување на постоечките урбанистички планови.

Заинтересираните граѓани и правни лица иницијативите можат да ги достават во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам или во писмена форма во архивата на општина Кисела Вода.

Сите оние кои се заинтересирани за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови тоа може да го направат најдоцна до 02.05.2017 година, односно еден месец по објавувањето на соопштението во јавното гласило и на веб страната на општина Кисела Вода. Истото е и обврска на општината, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи во соработка со граѓаните и правните лица на својата територија да создава квалитетни услови за  живот за сите свои жители.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Културно лето Три Круши 2017 https://t.co/OCxPSTPDte
4hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Чистење на одводните канали во општина Кисела Вода https://t.co/XqSJ81eN2E
O_KiselaVoda Спортистите од Кисела Вода на прием кај градоначалникот https://t.co/1sz97Ryh9r