• Кисела Вода меѓу најуспешните

    Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ,доделија нови 50 решенија за легализација на дивоградби.

  • Ново училиште во Драчево

    Отворени вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

  • Отворена градинка во Црниче

    Градинката “Перуника” е првиот јавен објект кој за греење користи биомаса

  • Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

    Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година.

 

 

Насловна

Во ООУ Невена Георгиева Дуња успешно се реализира проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието

Во рамките на успешно воспоставената соработка на двете основни училишта , ООУ„Невена Георгиева – Дуња“ од општина Кисела Вода и ООУ„Емин Дураку“, со потпишување на меморандум за партнерство, во изминатата и оваа учебна година континуирано се реализираат најразновидни активности.

 

Во рамки на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, вчера на покана на директорот на ООУ Невена Георгиева - Дуња Зорица Русевска, а по повод велигденските празници во истото беше одржан пречек на наставници од ООУ Емин Дураку. Претставниците од ООУ Емин Дураку на оваа средба со своите колеги имаа можност да се запознаат со обичаите за велигденските празници.

Воедно, како дел од овој проект, се одржаа повеќе активности за запознавање на ученицте и наставниците на овие две училишта. Учениците од ООУ Невена Георгиева Дуња заедно со своите наставници беа во посета на ООУ Емин Дураку каде што се запознаа со своите врсници и нивните наставници.  Тие на оваа средба покрај запознавањето со нивните врсници се запознаа и со начинот на кој се садат и одгледуваат земјоделските култури кои се наоѓаат во близина на училиштето.

Исто така, изминатиов период во МКЦ се одржа и заедничка активност на учениците и наставниците на која присуствуваа и писатели од двете етнички заедници. На оваа средба се читаа литературни творби на македонски и албански јазик.

Овие повеќекратни средби кои се одржаа изминатиов период имаат за цел запознавање и взаемно почитување на различностите, обичаите и верувањата, како и надминување на бариерите кои постојат во опшеството.

Со реализиација на овие активности се спроведуваат поставените цели на МОН за Меѓуетничка интеграција во образованието.

Во истото училиште за време на велигденските празници се одржа и велигденски базар на кој учениците заедно со нивните родители изработија разновидни уметнички изработки кои беа наградени со пофалници. Исто така беа подговтвени и велигденски традицинални јадења.

 

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода целосно ја реконструира ул."Партизански пат" во с.Драчево https://t.co/4f9wOVsL3f
11hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј се одбележа во основните училишта во општина Кисела Вода https://t.co/3qpbolK3u9
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Обновени фасадите на градинките во Драчево https://t.co/ORwAYvpe5S