Насловна
Актуелниот кошаркарски шампион од Кисела Вода, екипата на ,,Бадел 1862“, вечерва во спортскиот дел, игра за титулата, додека во хуманитарниот повик, игра и за Александра Спасова на која поради болест и е потребна итна финансиска помош.
Инаку, ова е трет дуел на ,,Бадел 1862“ и ,,Вардар“ во годинешната финална плеј оф серија. По првите два натпревари шампионот од Кисела Вода води со 2:0 ( по натпревари 68: 45 и 78:45) и доколку вечерва успее да победи по четврти пат во низа ќе ја освои шампионската титула во женската кошаркарска лига. Натпреварот во спортската сала ,,Независна Македонија“ вечерва започнува во 20.00 часот, влезот е бесплатен, а граѓаните ќе можат да донираат средства за Александра Спасова која боледува од тумор на хипофиза на специјален пулт во спортската сала.