• Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    На првата конститутивна седница беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Ново училиште во Драчево

    Отворени вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

  • Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

    Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година.

  • Подобрени условите за дечињата во градинката “Сончоглед”

    Завршена е првата фаза од реновирањето на објектот на градинката “Сончоглед” во населбата Кисела Вода

 

 

Насловна

Обновени фасадите на градинките во Драчево

Јавните детски градинки во Драчево добија нов подобрен лик. Нема повеќе графити и шкртаници на нивната фасада кои не доликуваа на установа која згрижува дечиња од предшколска возраст. Во изминатиот период во соработка со Општина Кисела Вода, активно се работеше на санација на оштетувањата на фасадата во градинката “8 Март”, објектите “Пеперутка” 1 и 2 во населбата Драчево и објектот “Ѕуница” во селото Драчево.

Паралелно, се работеше и на санација на кровната конструкција со олуци и во двата објекти, a во објектите во населбата Драчево и на бојадисување на оградите, поставување стакларници на влезовите на објектите, замена на дотраените и оштетени врати, искршените плочи од терасите со нови керамички плочки и повеќе други поправки.

Ова не се единствените инвестиции во овие детски градинки во кои денот го минуваат повеќе од 460 дечиња. Општина Кисела Вода во изминатите неколку години имплементираше повеќе мерки за енергетска ефикасност. Имено, покрај замената на вратите и прозорците и замената на фасадата со енергетски ефикасна, беше извршена замена и на системот на греење. Од минатата година, овие градинки се загреваат со помош на новоинсталирани котли кои се загреваат со помош на биомаса, што е целосно еколошки метод. Воедно, покрај неколкуте санации на кровот, беше реконструирана и електричната инсталација, а општината инвестираше и во изградба на пристапна патека од улицата “Бранко Заревски”, до самиот објект.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Дечињата од ЈДГ „8 Март“ во посета на Општина Кисела Вода https://t.co/CNJ5AGoh4W
O_KiselaVoda Утре ул. Студеничанска без струја https://t.co/1gYbBozkpf
O_KiselaVoda Утре ул. Христо Татарчев без струја https://t.co/Gus5bQy38k