Насловна
Општина Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт излегоа во пресрет на барањата на жителите од Пинтија. Во овој дел од општината е отворено ново повеќенаменско игралиште.
Се протега на површина од 1100 квадратни метри и е опремено со спортски реквизити и опрема за ракомет, фудбал и кошарка. Осветлено е со рефлектори така што може да се користи и во вечерните часови.
Повеќенаменското игралиште во Пинтија, е уште еден заеднички чекор на на оваа локална самоуправа и Агенцијата за млади и спорт во насока на развојот на спортот и спортскиот дух кај младите лица. Од досегашната добра соработка произлегоа две спортски сали, единечен тениски терен во населбата Драчево, како и пет повеќенаменски игралишта- во населбата Драчево, во селото Драчево, во Припор и Црчиче, како и последново, во населбата Пинтија.