• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Доделени еднократни парични награди на талентирани и надарени ученици

Денес, по втор пат, во големата сала во Општина Кисела Вода Градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ, додели еднократна парична награда на талентирани и надарени ученици од областа на спортот, културата, науката и ументоста.

 

Градоначалникот со поздравен говор им се обрати на присутните и меѓу другото истакна:

 

„Општина Кисела Вода во своето 58 годишно постоење, дала големи имиња на македонската политичка, културна, научна и спортска сцена. Од оваа општина потекнува првиот премиер на Република Македонија, академик Никола Кљусев, но во Кисела Вода живее и сегашниот премиер на Република Македонија, г-нот Никола Груевски, Министерот за култура Г-ѓа Елизабета Канческа-Милеска и други истакнати политички личности.

Општина Кисела Вода се гордее  и со имињата на познати уметници од областа на музиката Кирил Македонски, Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Драган Даутовски, Димитар Масевски, Велко Тодевски, од областа на балетската уметност Тања Вуисиќ Тодоровска, од областа на ликовната уметност Стефан Хаџиниколов, Јован петров, мирко Вуисиќ, ристо Калчевски, Душан Перчинков, Симон Шемов, од областа на литературата Ташко Георгиевски, Петре М.Андреевски, Миле Неделковски, Томе Арсовски, од областа на театарската уметност Снежана Стамеска, Рубенс Муратовски, Лазар Манасков, Оливер Митковски и други истакнати личности. Од Општина Кисела Вода се големите спортски имиња, во фудбалот Дарко Панчев, во кошарката Петар Наумовски, во ракометот Аце Станковски, во шахот Роландо Кутиров и многу други кои го носеле знамето на Македонија и го промовирале македонското име ширум светот.“

Беа доделени парични награди за 168 ученици, од кои 77 за спорт и 91 за образование. Општината Кисела Вода во изминатиов период беше високо оценета  од реномирани, релевантни институции, како општина која најмасовно се залага за потикнување и организирање на училишниот спорт. Со исто внимание општината е посветена и на образованието, културата и уметноста, преку низа активности во текот на годината. Целта на овој проектот е, Општината да ги стимулира наштите надежи и преспективи да продолжат да постигнуваат резултата во сите општествени области,  да бидат достојни граѓани на нашата држава и да ја претставуваат  нашата Општина, градот Скопје и пред се Република Македонија, со своите резултати насекаде низ светот. Општина Кисела Вода сака јавно да искаже благодарност до директорот на Градска Библиотека „Брака Миладиновци“ Г-дин Бранко Цветковски. Градската Библиотека „Браќа Миладиновци“, за оваа пригода  донираше книги, лектири и раскази, кои им беа подарени на наградените талентирани и надарени ученици.

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa