• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Голем интерес за упис на првачиња во новиот објект на ОУ “Невена Георгиева Дуња”

Голем е интересот на родителите кои своите првачиња сакаат да ги запишат во новиот објект на ОУ “Невена Георгиева Дуња”. На уписите коишто завршија пред една седмица аплицирале 64 првачиња, од кои за целодневна настава се определиле 44, а за класична настава 20.

 Капацитетот на новоизградениот објект  на ОУ “Невена Георгиева Дуња” кој беше отворен во 2016 година, е за 600 ученици  во две смени. На 2200 метри квадратни наставата се следи во 15 училници и 5 кабинети. Истото е опремено и со целосно нов инвентар.

Со изградбата на овој најсовремен училишен објект вреден над 80 милиони денари кои ги инвестираше Министерството за образование и наука, на барање на Општина Кисела Вода, се одговори на потребите на учениците од овој дел од градот кои дотогаш наставата ја следеа во дотраени бараки изградени во 1964 година.

Дополнително, Општина Кисела Вода инвестираше во реконструкција на спортската сала на ООУ “ Невена Георгиева Дуња “. Согласно потпишаниот Договор со УНДП за соработка и за заедничко инвестирање во креирање на мерки за енергетска ефикасност на локално ниво, кровот на оваа сала е заменет со нов, а енергетски се обновени и надворешните ѕидови и фасадната столарија. Во периодот што следува, оваа локална самоуправа ќе инвестира и во обнова на подот на спортската сала, со што учениците од ова училиште часовите по физичко воспитување ќе ги одржуваат во најсовремени услови.

Инвестициите кои значат обезедување на подобри услови и  училишните објекти на територија на Општина Кисела Вода и понатаму остануваат да бидат приоритетни.

Воедно, Општина Кисела Вода на сите деветоодделенци им ја честита полуматуратата и им посакува успех во понатамошното образование.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Синоќа Блага Петреска и Ѓоко Дончев, вечерва Дани Димитровска на "Три круши 2018" https://t.co/IGEseyLYE3
8hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda По Бени Нон Стоп, вечерва на Три Круши Блага Петреска и Ѓоко Дончев https://t.co/HqdFdnfLlP
O_KiselaVoda Синоќа одличен концерт на Миле Кузмановски, вечерва Бени и Нон Стоп на "Три Круши 2018" https://t.co/tIQFOH6CPf