• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Спортистите од Кисела Вода на прием кај градоначалникот

Градоначалникот на општина Кисела Вода, денеска во големата општинска сала направи прием за спортистите и спортските клубови од Општината. Традиционално на средбата присуствуваа голем дел на спортисти од спортските клубови за кои општината Кисела Вода обезбедува бесплатни термини за тренинг и натпревари во спортските сали ,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“.

 

-  Имаме одлична соработка со општината Кисела Вода, која на крајот резултира со освојување на три титули во сениорска, кадетска и јуниорска конкуренција. Се надевам дека таа соработка ќе се продлабочи во следниот периот, од причина што сакаме да се приклучиме на општинскиот проект ,,Спорт за секое дете“, бидејќи најмладите се најдрагоцени за развој на спортот -истакна тим менаџерот на ,,ЖКК Бадел 1862“, Љупчо Павловски.

На присутните спортисти им се обрати и Горан Јањевиќ тренерот на  клубот ,,ЖОК Јанта Волеј“, чиј резултати во изминатата сезона се импресивни , освојувајќи медал во секоја возрасна категорија.

- Повеќе години сум дел од проектите за спорт на општината Кисела Вода. Благодарност до Градоначалникот и Советот на општината што ни дадоа услови за развој, а наша цел е да ја оправдаме довербата. Се надевам дека соработката со општината Кисела Вода ќе продолжи - заврши Јањевиќ.

Благодарност од обезбедените услови за тренинг и натпревари искажа и претседателот на РК Спартак Кисела Вода, Сашо Денковски.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, на спортистите и спортските клубови им ги честита постигнатите резултати во изминатата спортска сезона, им посака понатамошна успешна спортска кариера, и меѓу другото, посочи дека општината Кисела Вода и во наредниот период ќе биде активна во делот на обезбедување на услови за развој на спортот, се со цел голем дел од младите безгрижно да спортуваат во спортските сали.  

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda По Бени Нон Стоп, вечерва на Три Круши Блага Петреска и Ѓоко Дончев https://t.co/HqdFdnfLlP
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Синоќа одличен концерт на Миле Кузмановски, вечерва Бени и Нон Стоп на "Три Круши 2018" https://t.co/tIQFOH6CPf
O_KiselaVoda Миле Кузмановски вечерва на "Три круши 2018" https://t.co/k1rH2axj1R