• Кисела Вода меѓу најуспешните

    Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ,доделија нови 50 решенија за легализација на дивоградби.

  • Ново училиште во Драчево

    Отворени вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

  • Отворена градинка во Црниче

    Градинката “Перуника” е првиот јавен објект кој за греење користи биомаса

  • Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

    Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода одбележа 62 години постоење

Со низа настани Општина Кисела Вода вчера го одбележа своето 62 годишно постоење.  Случувања по повод роденденот на најстарата скопска општина отпочнаа со нејзините најмладите жители, новороденчињата, чии родители добија ваучери во вредност од 6000 денари.

Во рамки на одбележувањето на празничниот ден на локалната самоуправа, традиционално награди добија и најталентираните основци од училиштата на територија на општина Кисела Вода.

Во рамките на проектот “Општината ги стипендира најдобрите”, талентираните и надарени ученици од основните училишта на оваа територија, кои во текот на учебната 2016/2017 година освоија награди на натпреварувањата од областа на науката, спортот, културата и уметноста, од општина Кисела Вода добија награди, кои како што беше истакнато, освен што значат признание, треба да бидат поттик за нивната понатамошна работа и подигнувањето на квалитетот на образовната средина за учениците.

Во 11 часот, Советот на Општина Кисела Вода, одржа свечена седница на која Претседателот на Советот, пред актуелните и поранешните советници и гостите и пријателите на општината, потсети на историјатот на Кисела Вода и се осврна на проектите кои се реализираа во изминатиот период.

Целодневното одбележување на 62-риот роденден на Општина Кисела Вода беше заокружено со коријада во паркот Шопен,  во организација на општината и Здружението на пензионери од општина Кисела Вода која беше збогатена со културно - уметничка програма, со многу песни и ора изведени од пензионерите фолклористи.

 

 

 

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Работилница за лица со посебни потреби во ООУ „Кузман Шапкарев“ https://t.co/Vr1LDA6zzy
O_KiselaVoda Ќе се собира кабастиот отпад во општина Кисела Вода https://t.co/hCawcNLFKD