• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода свечено го отвори "Три круши 2017"

о одличниот концерт на Наум Петрески и Зуица Лазова, синоќа Општина Кисела Вода свечено го отвори културното лето “Три Круши 2017”.

Во присуство на градоначалниот на Град Скопје Коце Трајановски, секако, градоначалникот на општината Кисела Вода, советници од Советот од оваа локална самоуправа, бројни гости, започна дванаесетото издание на оваа манифестација која низ годините се изгради во препознатлив белег за селото Драчево и за целата општина. 

Од сцената на Три круши, како верско-рекреативен комплекс, како средиште на духовната, но и световната култура на овие простори, благослов за здравје, среќа и благосостојба до присутните упати отец Гоце од црквата Св. Спас, по што следуваше едно прекрасно музичко доживување за целата публика.

Големите фолк ѕвезди Наум Петрески и Зуица Лазова преку својата моќна интерпретација на нивните најголеми хитови, бројните македонски народни песни кои се музички белег за овие простори, ја забавуваа публиката повеќе од час и половина. Од Три круши одекнуваа “Лична Јовано”, “Оди Ѕвездо”, “Лазарополе”, “За многу години Македонци”, “Капни солзо”...

Големи аплазузи доби и Гоце Пејковски, кој се претстави како гостин на концертот.

Концертот беше заокружен со спектакуларен огномет.

Културното лето Три круши 2017 кое ќе трае се до крајот на месец јули, и годинава ќе понуди богата програма. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во концертите на Миле Кузмановски,  Дипломатик бенд, “Ѓезме “, “Силви Бенд “, Сара Мејс... Секако и годинава целовечерен концерт ќе одржат и играорците од  КУД ,, Китка “ од Драчево. Заокружувањето на оваа манифестација ќе биде на крајот од месец јули со концертот на Сузана Спaсовска и “Академци”.

Вечерва, со почеток во 20:30 на локацијата Три круши, што е редовен термин и локација за сите понатамошни случувања во рамки на културното лето на Општина Кисела Вода, концерт ќе одржи етно составот “Чалгија саунд систем”. 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda По Бени Нон Стоп, вечерва на Три Круши Блага Петреска и Ѓоко Дончев https://t.co/HqdFdnfLlP
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Синоќа одличен концерт на Миле Кузмановски, вечерва Бени и Нон Стоп на "Три Круши 2018" https://t.co/tIQFOH6CPf
O_KiselaVoda Миле Кузмановски вечерва на "Три круши 2018" https://t.co/k1rH2axj1R