Насловна
Фрекфентно и раздвижено е на улицата ''Томе Арсовски'' во општина Кисела Вода. Низ оваа улица во УЗ Бирарија секојдневно минуваат голем број на луѓе. Дел од нив одат во цркавата Св. Петка која се наоѓа во непосредна близина.
Реконструкцијата на оваа улица која општина Кисела Вода ја изведе пред три години беше реализација на барање на жителите од овој дел на градот, токму затоа локалната самоупрва инвестираше во нејзино поплочување со павер елементи во должина од околу 130 метри и широчина од речиси 5 метри. Долж улицата беше поставена и нова линија за улично осветлување со модерни канделабри.
Реконструирана беше и улицата ''474'' на која по гребењето на постоечкиот асфалт, нивелирањето на шахтите и сливниците беше поставен и нов асфалт. Потоа беа поставени и нови тротоари во должина од околу 80 метри.
Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи интензивно да работи на подобрување на патната инфраструктура.