Насловна
Синоќа во рамки на културното лето „Три круши 2017“ одличен концерт одржа фолк групата “Дипломатик бенд“.
Повеќе од еден час многуте посетители имаа можност да уживаат во прекрасната изведба на неколку македонски евергрини, но и на многу македонски народни песни, кои беа по желба на публиката.
Културното лето “Три круши 2017“ кое е во организација на општина Кисела Вода продолжува и следниот викенд. Веќе во петок на истата локација концерт ќе одржи групата Гезме, а во сабота публиката ќе ја забавува “Силви бенд“.