• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

3440 метри фекална и атмосферска канализација изградена во населба Драчево

Општина Кисела Вода во изминатиот четири годишен период инвестираше во изградба на прифаќање на отпадни води, како изградба на фекални мрежи, така и на изградба на атмосферски мрежи се со цел за подобрување на подземната инфрaструктура која беше неопходна во населба Драчево.

 За таа цел, во населбата Драчево беше изведена фекална канализација на следните улици:

-На ул. “Румена Хаџипанзова”,  со должина 418м. Проект вреден 2.299.769,00денари

-На ул. “Малешевска 1”, со должина 1473м, со вкупна цена 10.384.370,00денари

-Изведба на фекална канализација на ул. “Румена Хаџипанзова” крак 10, со должина 135м, со вкупна цена 765.439,00денари

Од капиталните проекти на Општина Кисела Вода, во поглед на изградба на атмосферска канализација треба да се издвои изградбата на примарната атмосферска мрежа на дел од улицата “Жарко Зрењанин” и дел од улицата “Коперникова”. Проектот беше реализиран во три фази, од кои втората и третата се реализаираа во последните четири години. втората фаза опфати поставување на армирано бетонски цевки во вкупна должина од 395 метри а беа поставени и сливници. Изведбата на втората фаза од проектот чинеше 3.6 милиони денари.

Финализацијата на решавањето на проблемот со атмосферските води на жителите од улицата “Жарко Зрењанин”, се доби со изградбата на третата фаза, кога на истата улица беше поставена атмосферска мрежа во должина од 305 метри, за што повторно беа издвоени 6.5 милиони денари.

Атмосферска канализација беше изградена и на: на улица “Живко Фирфов”  со должина 714 метри, а нејзиното поставување чинеше 9.947.735,00денари.

Општина Кисела Вода како и досега, така и во иднина ќе продолжи со активности за изградба на решавање на проблемот со атмосферските и фекалните води, а со тоа и создавање на подобри и поквалитетни услови за живеење.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Продолжува чистењето на Општина Кисела Вода https://t.co/cBz4c4X2NR
O_KiselaVoda Денес една улица во Кисела Вода без струја https://t.co/kIk0Mgss3Z
O_KiselaVoda Неколку улици во Кисела Вода без струја https://t.co/WsCHh4Pfa8

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата