• Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Дечињата од ЈДГ „8 Март“ во посета на Општина Кисела Вода

    Градоначалникот Филип Темелковски денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈДГ „8 Март“.

  • Подобрени условите за дечињата во градинката “Сончоглед”

    Завршена е првата фаза од реновирањето на објектот на градинката “Сончоглед” во населбата Кисела Вода

 

 

Насловна

Се собираат податоци за нов уличен и адресен регистар во Општина Кисела Вода

Нов уличен и адресен регистар, ќе овозможи реализацијата на пилот проектот кој се спроведува во Општина Кисела Вода. Во моментов се врши теренско собирање на адресните податоци кои потоа ќе се складираат во централна база на податоци на стандардизиран начин и дефинирани правила за пристап. 

 

Носител на пилот проектот е Агенцијата за катастар на недвижности, а покрај Општина Кисела Вода, во него се опфатени и општините Зелениково, Свети Николе и Општина Гостивар. Во просториите на Општина Кисела Вода беше одржан состанок на кој се допрецизираа недореченостите во однос на теренската работа за собирањето на податоци. На истиот присуствуваа референтите од месните и урбаните заедници кои се дел од Секторот за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор, како и претставници од Агенцијата за катастар на недвижности.

Како што информираа претставниците на Катастарот, графичкиот регистар на улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар на Република Македонија, ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, како и просторни податоци за линијата на опфат врз основа на која се определува припадноста на куќниот број спрема улицата.

Врз основа на воспоставениот Адресен Регистар за населеното место ќе се направи нумерирање и обележување на утврдените адреси кои недостасуваат на терен.

 Воедно, од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, веќе се отпочнати активности за надградба на електронскиот катастар со модул за адресни податоци, кој освен атрибутните податоци за адресите, вклучува и  графички приказ на улиците и куќни броеви. Модулот за адресни податоци ќе овозможи поврзаност на адресите од Адресниот Регистар со графичките податоци од катастарските планови и податоците за адреси евидентирани во имотните листови. Промената на адресните податоци во Адресниот Регистар ќе биде директно спроведена во катастарот на недвижности.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Започна големата акција за чистење на Кисела Вода https://t.co/EozntOi7Tv
O_KiselaVoda Овој викенд, шест спортски натпревари на клубовите од Општината https://t.co/eRqZnD4d56
O_KiselaVoda Утре ул. „Иван Козаров“ без струја https://t.co/CnTaSzio37