• Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Дечињата од ЈДГ „8 Март“ во посета на Општина Кисела Вода

    Градоначалникот Филип Темелковски денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈДГ „8 Март“.

  • Подобрени условите за дечињата во градинката “Сончоглед”

    Завршена е првата фаза од реновирањето на објектот на градинката “Сончоглед” во населбата Кисела Вода

 

 

Насловна

КУД “Китка“ од Драчево со својот настап го збогати клутурното лето “Три круши 2017“

Синоќа на летната сцена во верско рекреативниот центар “Три круши“ членовите на КУД “Китка“ одржаа преубав концерт.

 

Околу 80 членови на КУД “Китка“ од Драчево синоќешниот концерт го започнаа со изведба на нивното традиционално оро Драчевка – Водарки, за кое кореографската постановка ја има направено Атанас Коларовски од Драчево, а музичката обработка е на познатиот македонски доајен Трајко Прокопиев.

Потоа следуваа и многу познати македонски традиционални ора како “Бовчанско оро“, се одигра и познатото македонско “Пајдушко оро“, а од сцената можеше да се слушнат и видат игри и песни од источниот дел на нашата земја. Бројната публика видно задоволна од настапот на КУД “Китка“ имаше можност да ги види уникатните традиционални македонски носии од Драчево, Раштак и источна Македонија.

Ова културно уметничко друштво кое наредната година ќе прослави јубилејни 50 години, од почетокот на своето постоење па се досега успешно придонесува за афирмација на македонскиот фолклор и традиција ширум светот.

Овој концерт е уште еден во низата успешни концерти, кои општина Кисела Вода по дванаесети пат ги организира во рамки на Културното лето “Три круши 2017“.

Веќе вечерва публиката ќе има можност да ужива во прекрасниот глас на нашата најквалитетна македонска фолк ѕвезда Сузана Спасовска и музичката група Академци, со чиј концерт свечено ќе се затвори овогодинешното културно лето “Три круши 2017“. 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Започна големата акција за чистење на Кисела Вода https://t.co/EozntOi7Tv
O_KiselaVoda Овој викенд, шест спортски натпревари на клубовите од Општината https://t.co/eRqZnD4d56
O_KiselaVoda Утре ул. „Иван Козаров“ без струја https://t.co/CnTaSzio37