Насловна
Во ООУ„Кузман Шапкарев“ се одржа рaбoтилницa "Пoддршкa нa лицaтa сo пoпреченoст и нивните семејствa".
Работилницата се одвиваше на покана на Британската амбасада, со поддршка на Општина Кисела Вода.
Гостите од Обединетото Кралство, Давид Симсон член на танцовата група „Ларондина“, заедно со неговата мајка, како и членовите на истата група и волонтери од Средното интернационално училиште „Нова“ на дел од наставниците, учениците и родителите од ООУ „Кузман Шапкарев“ им овозможија да научат повеќе за различностите и да се сензибилизираат за лицата со попреченост.
Работилницата беше збогатена со танцови игри, ликовни творби, а беа напишани и пораки преку кои учениците на лицата со попреченост им дадоа поддршка.
Едукативната работилница во истото училиште ќе продолжи и наредниот месец.