Насловна
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита еден од најголемите македонски државни празници 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот.
На овој ден пред точно 76 години македонскиот народ се крена на вооружено востание против фашистичкиот окупатор, востание со кое отпочна сенародната борба за слободна Македонија. Со својата вооружена борба, македонските партизани дадоа голем придонес во победата над најголемото зло на светот фашизмот и нацизмот.
Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание против фашизмот!
Да живее Република Македонија!