Насловна
Советот на Општина Кисела Вода утре, во 10 часот, ќе ја одржи првата конститутивна седница во нов состав по Локалните избори.
На дневен ред ќе биде избор на верификациона комисија, верификација на мандатот на членовите на Советот на Општината, избор на комисија за мандатни прашања, избори и именувања, како и изборот на претседател на Советот на Општина Кисела Вода.
Во новиот Совет на Општина Кисела Вода, СДСМ има 12 члена, а ВМРО-ДПМНЕ 11 членови.
Седницата ќе се одржи во големата сала за седници - барака 7, Општина Кисела Вода.