• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Кинеската амбасадорка се сретна со градоначалникот Филип Темелковски

Градоначалникот Филип Темелковски денес, во просториите на Општината, оствари средба со амбасадорот на НР Кина во Република Македонија, г-ѓа Јин Ликсиан, како и со претставници од амбасадата.

Упатувајќи му честитка за именувањето на функцијата, амбасадорката пројави желба да се информира за функционирањето на општината. Од страна на градоначалникот Темелковски беше запознаена со специфичностите на општината и нејзините основни обележја. Беше информирана за планираните проекти од кои дел се во соработка со Градот Скопје, кои имаат за цел да ги подобрат условите за живеење на жителите во овој дел на градот.

Посебен интерес амбасадорката изрази и за функционирањето на градинките и училиштата, бидејќи и претходно НР Кина и Општина Кисела Вода имаа соработка во областа на образованието. Градоначалникот Темелковски ја изрази својата благодарност за придонесот на НР Кина, од што произлезе, новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ „Рајко Жинзифов“, симбол на кинеско-македонското пријателство”.

Заеднички дискутираа за продлабочување на соработката и областите каде што би можела таа да биде остварена.  Средбата беше заокружена со желба за понатамошна успешна работа и соработка.

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Соломон Паси на средба со градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/lV4EYgZBYi
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода во соработка со ХОПС спроведе акција за чистење околу болницата за зависности https://t.co/m46FnThXGT
O_KiselaVoda Денес ул. Пушкинова без вода https://t.co/FWt157W65K

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата