Насловна
Еднаквите можности меѓу мажите и жените и водење родово одговорни политики беа денес во фокусот на разговорот помеѓу градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и регионалниот проектен менаџер на UN WOMEN, Ермира Лубани.
На средбата во Општината, на која присуствуваше и претседателката на комисијата за родова еднаквост, советничката Јасна Саздова, се разменија мислења и се изрази желба за поддршка на сите нивоа на управување на локалната самоуправа, во насока на остварување на подеднаква корист и за мажите и за жените, при осмислувањето и реализацијата на зацртаните проекти.
Беше заклучено дека и понатаму треба да се работи во насока на отстранување на пречките и создавање на услови за остварување на потполна еднаквост меѓу жените и мажите и и подигнување на свеста за потребата од родова рамноправност.