Насловна
На четвртата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес, 14 декември 2017 година (четврток), беа усвоени следните точки:
-Усвојување на Записникот од 3-та пленарна седница
1.Анекс на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште ,,Кузман Јосифовски –Питу,, за учебната 2017/2018 година, (Програма за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта);
2.Анекс на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште ,,Кирил Пејчиновиќ,, Кисела Вода-Скопје во учебната 2017/2018 година, (Програма за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта);
3.Анекс на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште ,,Партенија Зографски,, во учебната 2017/2018 година, (Програма за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта);
4.Анекс кна Годишната програма за работа на Општинското основно училиште ,,Невена Георгиева-Дуња,, во учебната 2017/2018 година, (Програма за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта);
5.Анекс на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште ,,Кузман Шапкарев,, во учебната 2017/2018 година, (Програма за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта);
6.Анекс на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште ,,Рајко Жинзифов,, Кисела Вода - Скопје, Симбол на кинеско-македонско пријателство во учебната 2017/2018 година, (Програма за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта);
7.Анекс на Годишната програма за воспитно образовната работа на Општинското основно училиште ,,Св. Климент Охридски,, во учебната 2017/2018 година, (Програма за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта);
8.Анекс на Годишната програма за работа на Општинското основно училиште ,,Круме Кепески,, во учебната 2017/2018 година, (Програма за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта);
9.Предлог-Одлука за избор на членови на Управниот одбор на ЈДГ ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје - претставници од Советот на родители;
10.Предлог-Одлука за именување претставници од Општина Кисела Вода во Управниот одбор на ЈДГ ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
11.Предлог-Одлука за измена на Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2017 година;
12.Предлог-Одлука за финансиско учество на Општина Кисела Вода во реализација на Проектот: Реконструкција на ул.Мариовска (магацин Треска) и дел од ул. Сава Ковачевиќ, до спој со реконструираната улица кај црква Тефериќ – фаза 3.