• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Градоначалникот Темелковски на деловен појадок со бизнис заедницата од Кисела Вода

Деловен појадок со бизнис заедницата се одржа денес во организација на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски. Во присуство на градоначалникот, директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски,  претставници од бизнис секторот чија дејност е регистрирана во општина Кисела  Вода, претставници од повеќе сектори од локалната самоуправа, беа отворени најзначајните економски прашања кои имаат за цел да го подобрат деловното работење во општината.

 

На заедничка маса, се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат деловните субјекти на територија на Општината, како и за можноста за нивно надминување преку заедничко пронаоѓање на соодветни решенија и подигнувањето на општествената одговорност на компаниите. Градоначалникот Темелковски истакна дека е отворен за соработка и сака да ги слушне барањата, сугестиите и предлозите на бизнис заедницата.

На средбата, директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски промовираше една од мерките која има за цел  да ги помогне клубовите, спортските федерации, но и индивидуалните спортисти. Имено, спортистите од Агенцијата за млади и спорт и Владата на РМ ќе добијат ваучери кои можат да ги депонираат во деловните компании и за нив да добијат финансиски средства, а пак компаниите кои ги пласирале ваучерите за нив, на крајот од годината ќе добијат даночно ослободување во висина од 40%. Со oваа мерка, Владата и АМС сметаат дека дека ќе се обезбеди дополнителен прилив на средства кои ќе значат директна финансиска инјекција за спортистите и помалите, локални клубови и ќе обезбедат неговото издигнување на повисоко ниво.

Градоначалникот Филип Темелковски истакна дека локалната самоуправа треба да биде мостот помеѓу централната власт и граѓаните и компаниите. Во насока на подобрување на деловното опкружување, најави дека се планира формирање на совет на стопанственици, кој ќе обезбеди развој, подобрување на бизнис климата, како и отворање нови работни места и поквалитетен живот на сите граѓани на Општина Кисела Вода. Најави детални анализи за утврдување на дефицитарните профили на пазарот на трудот и  отворање на работилници за дообучување на невработените лица по месните заедници, за нивно полесно снаоѓање на пазарот на трудот и намалување на невработеноста.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Продолжува чистењето на Општина Кисела Вода https://t.co/cBz4c4X2NR
O_KiselaVoda Денес една улица во Кисела Вода без струја https://t.co/kIk0Mgss3Z
O_KiselaVoda Неколку улици во Кисела Вода без струја https://t.co/WsCHh4Pfa8

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата