• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Нов рок за поднесување на барања за легализација на дивоградбите

Се известуваат жителите на Општина Кисела Вода дека од 01.01.2018 година стапи на сила Законот за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на Република Македонија 190/17).

Сите лица кои се иматели на бесправно изградени објекти, кои ги изградиле заклучно со 3 март 2011 година, а на кои се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна функционална целина, можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект најдоцна до 31 декември 2018 година, до кога е потребно да достават и геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект.

Лицата кои веќе еднаш имале поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, а истото им било одбиено со решение заради некомплетна документација (ако не доставиле геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект во пропишаниот рок), можат повторно да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект најдоцна до 30 јуни 2018 година, до кога е потребно да достават и геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект.

Барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект се поднесува на посебен образец, кој барателите можат да го подигнат од Едношалтерскиот систем на Општина Кисела Вода. Барателите можат да поднесат барање за утврдување на правен статус секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Воедно, двата типа на барања можете  да ги најдете и на следниве  линкови :

1. Барање за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти од локално значење

2. Ново барање по претходно одбиено барање поради некомплетна документација

Исто така, се известуваат сите лица кои поднеле барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект во периодот од 21 декември 2015 година до 31 март 2016 година, дека е продожен рокот за доставување на геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, најдоцна до 30 јуни 2018 година.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Синоќа Блага Петреска и Ѓоко Дончев, вечерва Дани Димитровска на "Три круши 2018" https://t.co/IGEseyLYE3
8hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda По Бени Нон Стоп, вечерва на Три Круши Блага Петреска и Ѓоко Дончев https://t.co/HqdFdnfLlP
O_KiselaVoda Синоќа одличен концерт на Миле Кузмановски, вечерва Бени и Нон Стоп на "Три Круши 2018" https://t.co/tIQFOH6CPf