• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Нови 40 решенија за легализација во Општина Кисела Вода

Процесот на интензивно решавање на предметите за легализација во Општина Кисела Вода продолжува. Со денешното доделување на 40 нови решенија за легализација, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 1754. Од вкупно регистрираните 11.872 дивоградби за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 5100 предмети се во административна постапка, а 5.008 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација (најчесто недостасува Геодетски елаборат). Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ги информираше присутните за процесот и динамиката на решавањето на предметите за легализација во општината Кисела Вода.


-“ Општина Кисела Вода, односно Одделението за легализација на дивоградби, во насока на забрзување на темпото со кое се решаваат предметите за легализација во изминатиот период кадровски и технички се доекипираше и резултатите веќе се видливи. Тоа го потврдува и статистиката. Имено, во изминатите  два месеца, откако ја воспоставивме оваа практика, доделивме преку 350 решенија за легализација, или во просек по 40-тина решенија за легализација на неделна основа”- изјави градоначалникот Беличанец - Алексиќ.
Таа повторно упати апел до  граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок. 
Истовремено, ги повика сите правни и физички лица на кои им е изготвена урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите.

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ја реновираше спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево https://t.co/yTyavlkl6o