• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Ефтовски нов претседател на Сојузот за училишен спорт

Јовица Ефтовски е нов претседател на Општинскиот сојуз за училишен спорт на општина Кисела Вода. Ова е одлуката на членовите на новото Собрание на Општинскот сојуз за училишен спорт.

 

Собранието се одржа денеска во големата општинска сала и на истото учествуваа директорите на основните училишта, професорите по физичко воспитување, членови на општинската администација и други гости.

Инаку, Општинскиот сојуз за училишен спорт, по пауза од 5 години, се реактивира по иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски, кој истакна, дека, спортувањето и навиките за здрав живот се потреба на секој ученик.

- Спортскиот тренажен процес започнува уште од училишните клупи. Тука се прават и првите селекции, а дека Општината е расадник на спортски таленти, покажуваат бројните спортски великани кои потекнуваат токму од нашата Општина и токму преку училишниот спорт ги започнале првите чекори во спортот. Сигурен сум, дека, со помош на ангажираноста на професорите по физичко воспитување, условите што ќе ги обезбеди Општината, учениците во идниот период безгрижно ќе можат да спортуваат и да постигнуваат успешни спортски резултати, - меѓу другото потенцираше градоначалникот Филип Темелковски.

По предлог на еден од основачите на Општинскиот сојуз за училишен спорт Тони Чупоски, за нов претседател на Сојузот е избран професорот по физичко воспитување Јовица Ефтовски.

-Ќе се залагам за унапредување на училишниот спорт во Општината и се надевам дела заедно со моите колеги ќе успееме успешно да одговориме на оваа дадена обврска, - изјави Јовица Ефтовски, кој притоа формира работно тело кое во краток период ќе има задача административно да го реактивира Општинскиот сојуз за училишен спорт.  

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес дел од ул. Сердарот без струја https://t.co/TAFjbaIUI8
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
24hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN