• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Градоначалникот Темелковски со поддршка на ЖКК Бадел 1862

Градоначалникот Филип Темелковски денес го проследи дерби натпреварот помеѓу кадетската женска екипа ЖКК Бадел 1862 од Кисела Вода и досега непоразениот тим Ловќен - Будуќност од Црна Гора.

На овој натпревар кој се одигра денес во спортската сала „Независна Македонија“, а е во рамки на третиот турнир на регионалната женска кошаркарска лига WABA заврши со победа на тимот од Црна Гора Ловќен - Будуќност. ЖКК Бадел 1862 и Ловќен Будуќност завршија со резулатат 66-73.

Имено, ЖКК Бадел 1862 и Ловќен - Будуќност денес играа за да си обезбедат подобро место на табелата, бидејќи уште пред одигрувањето на овој натпревар тие си обезбедија пaсман во ¼ финалето на овој турнир на регионалната женска кошаркарска лига WABA, за кошаркарки помлади од 17 години.

Во спортската сала „Независна Македонија“ во тек е и натпреварот помеѓу екипите на Славија од Бугарија и тимот Рагуза од Дубровник. За крај на овој спортски викенд, во 16:00 часот ќе се одигра и втор натпревар на кој силите на теренот ќе ги одмерат кошаркарките од Кисела Вода со екипата на Рагуза од Дубровник.

Воедно, како дел од богатиот спортски викенд вчера во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ европскиот шампион РК Вардар по четврти пат го организираше турнирот „Вардар еден живот ,една љубов“ за деца родени до 2008 година.

Овој турнир со своето присуство го збогатија поранешните познати македонски ракометарки Индира Кастратовиќ, Драгана Ристова и Анџела Платон кои во 2002 година станаа клупски европски шампиони со екипата на Кометал. Присутни на вчерашниот турнир беа и селекторот на женската македонска репрезентација Симе Симевски, заедно со неговиот помошник тренер Александар Царчев. Исто така градоначалникот Филип Темелковски беше присутен и на овој турнир, на кој ги поздрави дечињата кои спортуваат, како и нивните тренери.

- Ракометната академија Вардар традиционално го организира зимскиот турнир „Еден живот една љубов“, како и Вардар јуниор лигата, кои се најголеми проекти во Македонија наменети за децата. Желбата на Вардар е да овозможи услови за спортски развој и воведување на спортска култура во детското секојдневие и на тој начин да придонесеме за развој на македонскиот ракомет. Школите со кои соработуваме работат со деца кои се на возраст уште од 5 - 6 години. Ние преку нашите проекти овозможуваме децата да се вклучат во натпревари, изјави Индира Кастратовиќ.

Општина Кисела Вода со цел да им овозможи подобри услови за спортување, на неколку спортски клубови им отстапи термини во двете спортски сали, „Независна Македонија“ и „Архиепископ Доситеј“ во кои тие редовно ги одржуваат своите тренинзи, а покрај ова во нив ги играат и своите натпревари во првенствата. Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да дава голема поддршка на спортските клубови кои се активни на нејзината територија.

 

 

 

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во Кисела Вода одбележани 169 години од смртта на Фредерик Шопен https://t.co/BU62mgfMkD
11hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Денес дел од Кисела Вода без струја https://t.co/KDfxymEbbn
17hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада https://t.co/bc8NQUCzko