• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Градоначалникот Темелковски на увид во постапката за легализација на дивоградби

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес изврши увид на неколку локации заедно со една од комисиите за легализација на дивоградби. Согласно Законот, на лице место, се вршеше проверка на фактите кои се наведени во геодетските елаборати, кои се еден од задолжителните критериуми за легализирање на бесправно изградените објекти.

 

Со сопствениците тој продискутира и за другите потреби и проблеми што ги имаат, а се во надлежност на Општината  и за можноста тие да се решат. По извршениот увид, стручните лица од Секторот за урбанизам и проторно планирање ќе изготват записник и доколку нема забелешки, истиот станува дел од урбанистичката согласност потребна за легализирање на објектот.

Инаку, во моментов, до Општина Кисела Вода се пристигнати вкупно 13 896 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Од нив 71 се нови, согласно измените во Законот кои стапија од 01.01.2018 год и според кои имателите на дивоградби, кои ги изградиле заклучно со 3 март 2011 година, можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект најдоцна до 31 декември 2018 година, до кога е потребно да достават и геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект. За лицата пак, кои поднеле барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект во периодот од 21 декември 2015 година до 31 март 2016 година, рокот за доставување на геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект е продожен најдоцна до 30 јуни 2018 година. Во моментов, по затворањето на 2311 предмети кои немаа геодетски елаборат, без елаборат се 939 предмети.

Лицата кои се корисници на социјална помош можат да ја искористат можноста и од Агенцијата за катастар на недвижности да добијат бесплатен геодетски елаборат, а воедно, истите од страна на Општината се ослободени од плаќање на надоместок за утвдување правен статус на објектот.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Соломон Паси на средба со градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/lV4EYgZBYi
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода во соработка со ХОПС спроведе акција за чистење околу болницата за зависности https://t.co/m46FnThXGT
O_KiselaVoda Денес ул. Пушкинова без вода https://t.co/FWt157W65K

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата